20 Декември, 2025
0.0500

„КАКО КЛУЧЕН И РЕШИТЕЛЕН ФАКТ ГО ЗЕМАА НЕГОВИОТ ЛАЖЕН ИСКАЗ“: Апасиев по одлуката на Уставен суд најавува нова пријава

Објавено во: Македонија 10 Април, 2025 09:04

Добивај вести на Viber

Пратеникот и професор Димитар Апасиев, лидер на опозициската Левица преку социјалните мрежи порача дека спрема нова кривична пријава против поранешниот претседател на Собранието, Талат Џафери. 
Ауууу сине, ама се навлече...

Тек сега гледам дека Уставниот суд, во своето „образложение" зошто ми го одбил барањето против Џафери, како клучен и решителен факт го зема неговиот ЛАЖЕН ИСКАЗ дека наводно ми го доставил одговорот во Собрание, а не на домашна адреса (а кутриот Таљат, месец и пол ми го криеше и не ми го праќаше ни по пошта, за да помине деловничкиот рок од 15 дена)!? 

Уставните судии, кои пресудија спротивно на писмена доставница, не сакам ни да ги коментирам - тоа е најслабиот персонален состав на судот откако постои! Но, Таљате друже, тебе како ќе ти зачукам уште една нова кривична пријава за ДАВАЊЕ ЛАЖЕН ИСКАЗ, па нека те вадат обвинителите-волшебници од ДУИ - напиша Апасиев. 


Реакцијата на Апасиев доаѓа откако вчера Уставниот суд го одби барањето на Апасиев поднесено против поранешниот претседател на Собранието, Џафери.

- Врз основа на утврдената фактичка состојба на јавната расправа, Судот оцени дека нема правно релевантни факти дека во овој случај и со конкретните дејствија преземени од тогашниот претседател на Собранието, Талат Џафери на подносителот на Барањето му била повредена слободата на политичкото дејствување и дека истиот бил дискриминиран поради политичката припадност, поради што се исполнети условите од член 56 од Деловникот на Уставниот суд за одбивање на барањето - соопшти Уставниот суд. 

Од Уставен велат дека ги прифатиле изјавите на тогашниот претседател на Собранието, Талат Џафери, кои беа изнесени на јавната расправа пред Судот, дека во случајот единствено исправно било да се применат одредбите од членовите 135 и 136 од Деловникот на Собранието, бидејќи со истите се регулира постапката кога пратеник поднесува предлог-закон и му се дава овластување на Претседателот на Собранието да побара од пратеникот во определен рок предлогот да го усогласи. 

- Судот оцени дека д-р Димитар Апасиев требало да постапи во тој рок и да го уреди поднесокот, бидејќи станува збор за поднесување на граѓанска иницијатива од страна на пратеник, па така сосема логично било доставата на известувањето да му биде извршена во Собранието, а не на домашната адреса. 

Од исказите на странките на јавната расправа јасно произлегува дека подносителот на барањето за заштита на слободите и правата, Димитар Апасиев, не го испочитувал рокот од 15 дена за уредување на поднесокот односно предлогот, поради што истиот бил отфрлен како да не бил поднесен.  

Со постапувањето на овој начин со поднесената иницијатива од страна на подносителот на барањето сметаме дека претседателот на Собранието не ги пречекорил своите овластувања, бидејќи од одредбите од Деловникот на Собранието, посебно од одредбата од член 60 од Деловникот, јасно произлегува дека претседателот на Собранието ја испитува уредноста на предлогот за покренување граѓанска иницијатива за распишување на референдум на државно ниво - се наведува во соопштението.

Следствено на ова, како што посочуваат од Уставниот суд, со доставување на предметното известување дека иницијативата треба да се дополни и доуреди, претседателот на Собранието Талат Џафери ги исполнувал своите законски и деловнички обврски да се грижи за примена на Деловникот.

Со ваквото постапување на претседателот на Собранието, според мислењето на Судот, на подносителот на барањето д-р Димитар Апасиев не му била повредена слободата на политичкото дејствување од член 110 алинеја 3 од Уставот, од причина што тој како пратеник имал на располагање и други начини и инструменти преку кои можел прашањето за распишување на референдум на државно ниво за конкретното прашање да го изнесе пред Собранието, како што е на пример можноста што ја дава член 184 од Деловникот на Собранието според кој секој пратеник има право до Собранието да предлага донесување на декларации, резолуции, одлуки, препораки и други општи акти.

- Во постапувањата и дејствијата на Талат Џафери, Судот цени дека не постојат ниту елементи на дискриминација, од причина што и по иницијативата што претходно (во септември 2022 година) била поднесена од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за распишување на референдум во врска со договорот со Бугарија, претседателот на Собранието постапил на истиот начин и го известил подоносителот на таа иницијатива дека истата е неуредна од формални причини и не ја проследил до надлежните собраниски комисии - се наведува во соопштението од Уставниот суд.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки