16 Мај, 2024
0.1608

Послуга на јахтите на богаташитe: На нозе бев и по 12 часа без да седнам

Објавено во: Стил 19 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Сара Бегби и Бетани Силкокс со години работеле како послуга на јахтите на богаташите.

Силкокс послужувала членови на кралски семејства, а една недела престој на јахтата чинел милиони долари, пишува „Дејли мејл“.

Дружењето со богати и познати личности, патувања на егзотични места било дел од нивната работа. Бетани вели дека најдолго без да отиде на копно издржала 40 дена.

Но, како што раскажуваат оваа професија имала и негативни страни, како што е работа по 18 часа дневно и месеци без да се вратат дома.

Сара во 2014 година се одлучила на оваа работа, откако дознала дека една компанија бара персонал.

„На нозе бев од 6 наутро па се до 16 или 18 часот и едвај ако имав две минути време за одмор“ - раскажува девојката.

Месечно заработувала по 2210 фунти. Имала мал простор за спиење на јахтата, обезбедена храна, а успела да прошета на многу места и да запознае многу славни личности како актерот Антонио Бандерас, принцот Алберт од Монако и други.

Сега работи во Лондон и вели дека се чувствува осамена затоа што таму била опкружена со луѓе.