19 Јануари, 2025
0.0281

Постапувањето со амбалажниот отпад – голем проблем за компаниите

Објавено во: Мои пари 28 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Половина од компаниите во земјава ги прекршуваат одредбите во за постапување со амбалажниот отпад кој го создаваат. Според истражувањето на Пакомак, иако најголем дел од фирмите знаат кои се нивните законски обврски, 45% од нив не се членки на ниедна компанија колективен постапувач со отпад од пакување. Од Пакомак го истражувале однесувањето на поголемите и средни компании. Ако се вклучат и малите, посочуваат од Пакомак, податоците ќе бидат пониски. Во три главни сегменти – бизнис сектор, население во Македонија и население во Скопје- Пакомак спроведе истражување за испитување на јавното мислење на теми поврзани со екологија, селектирање и рециклирање на амбалажен отпад. Според истражувањето, најголем број - 77,5 % од деловните субјекти се запознати со своите обврски согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување и најголемиот број од нив го оценуваат како позитивен за општеството. Истражувањето покажало дека треба да се работи на едукацијата за тоа кои се обврските на една компанија постапувач со отпад од пакување, бидејќи голем број од испитаниците - 40, 4 % се изјасниле дека не знаат кои се обврските на компанијата која постапува со отпад од пакување. Цената на услугата, професионалниот однос, редовното и навремено собирање на амбалажниот отпад, сигурноста пред законот, имиџот на компанијата и квалитетот на услугата се факторите кои компаниите ги издвоиле како најважни во избор на компанија за управување со отпадот од пакување. „ Целта ни е што повеќе компании да се вклучат во некој колективен систем за постапување со отпад од пакување и да финансираат селективно собирање и рециклирање на истиот. Единствено на тој начин може да создадеме предуслови да се штедат природните ресурси кои се ограничени и можеме да се надеваме на почиста животна средина и еколошки здрава иднина за сите нас ˮ- изјави Филип Ивановски, главен извршен директор на Пакомак. Од вкупната количина 115.000 тони отпад од пакување кој се создава во текот на една година, само за помалку од 50.000 тони или 40 %, се финансира негото собирање, додека за поголемиот дел ниту една компанија-загадувач со ваков отпад не плаќа, ниту пак е санкционира соодветно заради тоа, посочуваат од компанијата нарачетел на истражувањето.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ