26 Април, 2024
0.0272

Постигнат договор: Грчките свештеници ќе станат „сирачиња“

Објавено во: Балкан 07 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Грчката влада на Алексис Ципрас и Грчката православна црква постигнаа условен договор речиси 10.000 православни свештеници и црковен персонал да бидат отстранети од платниот список на државата. Според сегашниот систем, платите на свештениците се плаќаат директно од државниот буџет, како и вработените во јавниот сектор, и за нивна исплата секоја година се трошат 200 милиони евра годишно.

Договорот е постигнат помеѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и Архиепископот Јеронимос, а за ситуацијата да биде разбирлива и од двете страни државата во иднина ќе ја помага грчката црква но само со специјален фонд од субвенции.

Договорот, исто така, предвидува решавање на повеќегодишниот спор околу имотите меѓу државата и црквата, која е еден од најголемите сопственици на недвижнини во земјата.

Грчките кредитори одамна се обидоа да ја убедат владата да продаде недвижнини и да го намали бројот на вработените во јавниот сектор.

Договорот мора да биде усвоен од грчкиот парламент, како и од владиците на црквата, пишува Танјуг.

Здружението на грчки свештеници веќе објави дека ќе се спротивстави на секој обид за укинување на статусот на државни службеници.

Грчката православна црква со векови играла водечка улога во животот на државата и според Уставот, Православието се смета за официјална религија.

Условениот договор се совпаѓа со парламентарната дебата за уставните измени во кои се разгледуваат амандмани за одвојување на црквата од државата.


Можеби ќе ве интересира

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)