19 Мај, 2024
0.0310

Постигнат договор за формирање Влада на Косово

Објавено во: Балкан 02 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Самоопределување на Албин Курти и Демократската лига на Косово на Иса Мустафа синоќа постигнаа договор за формирање Влада, додека прашањето за претседателот на земјата останува отворено. Албин Курти како мандатар има рок до 4 февруари да го претстави новиот кабинет на косовското собрание.

Извори блиски до двете партии изјавија за КТВ дека Глаук Коњуфца од Самоопределување ќе си даде оставка од функцијата претседател на Собранието и ќе се пресели на највисокото место во владата, јави Коха.

Според истите извори, прашањето за Претседателот на Косово останува отворено кога ќе заврши мандатот на актуелниот претседател Хашим Тачи, а потоа претставниците на двете страни ќе се состанат за да се консултираат за позицијата на новиот претседател.

Новата влада ќе има 15 министерства, од кои шест ќе припаѓаат на Самоопределување, шест на Демократската лига на Косово, две ќе бидат од Српска листа, како резултат на уставна обврска доколку владата има повеќе од 12 министерства, додека едно министерско место ќе биде за малцинските партии.

Разговорите меѓу двете страни траат веќе некое време, но не беше постигнат договор за коалиција за формирање нова влада по победата на опозицијата на парламентарните избори.

Тачи му го довери на Курти неговиот мандат како лидер на Движењето Самоопределување, кој доби најголема поддршка на предвремените парламентарни избори во октомври.


Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел