27 Април, 2024
0.0489

Потпретседателот на Собранието протестира пред својата зграда за неизградба на барокна гаража

Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, денеска протестира пред својата зграда каде што живее во близина на салонот на „Авто Македонија“ во Центар против можноста да започне изградбата на барокната катна гаража како дел од проектот „Скопје 2014“.

Осумкатната барокна гаража треба да се гради на местото на постоечкиот паркинг., а Мисовски го изрази своето незадоволство заедно со своите соседи.

„Тоа е улицата каде што Груевски поминувал со возилото и си нацртувал маркици, само поради тоа што граѓаните од овој дел гласале против ВМРО-ДПМНЕ. Ова е класично насилие и рецидив од проектот „Скопје 2014““, изјави Мисовски за „Фокус“.

Фирмата „Никофон“ од денес може да почне да ја гради барокната катна гаража со извршно решение со кое го презема во владение просторот кој сега се користи како паркинг ЈП „Паркинзи Општина Центар“ и може да почне постапка за градење, бидејќи дозволата за градба му е издадена во 2014 година.

Општина Центар претходно поднесе пријава и за злоупотреба на службена дејност за начинот на продажба на парцелата, но Обвинителството досега нема отворено истрага. Парцелата беше продадена од Министерството за транспорт и врски кога министер беше Миле Јанакиески во 2013 година, а договорот со „Никофон“ беше склучен во септември 2013.

Претходно, Општина Центар во времето кога градоначалник беше Владимир Тодоровиќ со измена на Деталниот урбанистички план за овој дел, нацрта маркичка за барокна катна гаража со деловен простор, со приземје и 8 ката.

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ порача дека ќе се преземат секакви мерки за да не дојде до градење на таков објект и просторот да си остане паркинг за граѓаните.

„ Апелирам до надлежните институции да реагираат за да се даде времена мерка од обвинителството и да се расчисти целиот случај. Мора прво да се поништи договорот, а откако ќе се стори тоа, земјиштето ќе биде вратено во владение на државата и ние ќе го вратиме во својата првична функција. Затоа брзаме да се реагира. Ако обвинителство ги потврди нашите сомневања, ќе дојде до раскин на договорот“, рече Богдановиќ.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“