Добивај вести на Viber
Врховниот командант на Армијата, претседателот Ѓорге Иванов заедно со министерот за одбрана Талат Џафери, побараа подобрување на животниот стандард на војниците, но и модернизација на армијата. По повод Денот на АРМ - 18 Август, Иванов истакна дека е горд сум на армијата и верува дека ќе дојде денот кога како признание за успешното учество во мировните мисии и бројните индивидуални успеси, Македонија ќе добие полноправно членство во НАТО.
Иванов во своето обраќање на свеченоста сепак забележа дека без идни вложување во Армијата, стекнатата реформска кондиција може брзо да се изгуби.
„Како врховен командант на вооружените сили, цврсто сум уверен дека институциите во РМ надлежни за обезбедување финансиски средства, треба да преземат одредени мерки за подобрување на животниот стандард на припадниците на нашата Армија“, рече Иванов.
Министерот Џафери пак побара модернизација на војската.
„ На АРМ на РМ и се неопходни современи оклопни транспртери, радари, транспортни возила, комуникациска опрема, хеликоптери. Како Министерство имаме обврска да ги фокусираме расположивите ресурси кон исполнување на приоритените потреби“, истакна Џафери на централната свеченост.
Вчера и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески се пожали дека нема пари за модернизација на македонската армија, туку само за тековно функционирање.
Фото МИА