06 Декември, 2025
0.0471

Поучна приказна: Мудар внук!

Објавено во: Стил 02 Јули, 2014 17:40

Добивај вести на Viber

Во еден град поради обврски на работа синот го однел неговиот татко во старечки дом. Неговиот внук враќајки се од училиште го посетил деда си и се запознал со условите во кои живее.

Дедо му го замолил следниот пат кога ќе дојде да донесе и едно ќебе за да се стопли бидејќи во домот му било ладно. Таткото на детето му дал пари да купи убаво ќебе. Момчето купило две, па едното го однел на дедо си, а другото дома.

Кога таткото се вратил од работа во куќата го нашол ќебето, па зачудено ја запрашал сопругата какво е ова ќебе. Таа му рекла да го праша синот. Кога го запрашал зошто не го однесол ќебето на дедо му, синот му одговорил дека на дедо му му однесол едно, а ова го донесол дома да го сочува кога ќе го прати татка си во дом за стари лица па да му го однесе тогаш.

После оваа случка дедото, на големо задоволство е вратен повторно дома.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: