ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Повеќе годишни времиња во еден ден
Објавено во: Македонија 25 Април, 2019
За Велики четврток, ден пред претстојниот продолжен викенд синоптичарите најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Попладне на некои места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, и услови за изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Утринските температури на воздухот ќе се движат од 4 до 10 степени целзиусови, додека максималните дневни температури ќе достигнат максимални 26 степени.
За последниот работен ден од оваа недела понесете со себе и чадор. Бидете спремни.