20 Декември, 2025
0.1121

Повеќе од 4.000 деца ја посетија Вселенската авантура

Објавено во: Мои пари 31 Октомври, 2013 15:22

Добивај вести на Viber

Денес заврши интерактивниот настан во организација на Бимилк и ТЦ Рамстор, Вселенска авантура. Настанот кој започна на 10 октомври го привлече вниманието на околу 4.000 деца на возраст од 6 до 12 години кои ја искористија можноста да се забавуваат и да учат за тајните на космосот. Вселенската авантура за прв пат им овозможи на децата не само да научат за првиот човек кој стапнал на Месечината, туку и во целост да уживаат во авантурата да се биде астронаут. Тие имаа прилика да видат реплика од вселенски костим на Нил Армстронг, да погледнат низ роботски очила запознавајќи се со глетката на еден робот и да носат вселенски шлем забавувајќи се во лунарниот дел од поставката. Со цел децата да стекнат што повеќе знаења за историјата на вселената, низ целата поставка беа прикажани фотографии поврзани со вселената и нејзиното освојување, а на сите детски прашања одговараше водичот низ Вселенската авантура. За време на Вселенската авантура повеќе од 300 деца изработија ракети од пакување Битолско млеко со десет витамини со што се вклучија во натпреварот за најдобра ракета. На крајот на настанот за најдобрите ракети беа доделени трите главни награди Xbox kinect, iPad mini и телескоп. „Вселенската авантура се роди од идејата да се организира настан кој ќе ги едуцира децата на нов, невообичаен, интерактивен и пред сѐ забавен начин. Како што и очекувавме, интересот беше навистина голем, повеќе од 4000 деца ја посетија поставката, а над 300 се вклучија во натпреварот за изработка на најдобра ракета од пакување Битолско витаминско млеко со десет витамини. За нас во Бимилк, насмевката на децата, нивниот интерес да научат нешто ново, да ја изразат својата креативност и да се забавуваат е доволен мотив да бидеме дел од вакви и слични настани. Доброто на децата и во иднина ќе биде во фокус на сите активности на компанијата.“ –Полексена Ристеска, координатор за маркетинг во Бимилк. „На радост на илјадници деца, Вселенската авантура беше еден од поинтересните настани кои оваа година Рамстор Мол ги организираше за своите посетители и потрошувачи. Целта на настанот беше да овозможиме добра забава за најмладите воедно едуцирајќи ги за темата која одсекогаш ја предизвикува детската љубопитност– запознавањето на космосот. Денес со задоволство можам да кажам дека заедно со Бимилк, оваа цел успешно ја постигнавме. Воедно, би сакале да Ви ветиме дека и за идната година подготвуваме настани од ваков тип, но нема да ги откриваме, нека остане изненадување.“ – Џеладин Џули, директор за развој и инвестиции во ТЦ Рамстор. Млекара АД Битола е најголемата млекарница во Р. Македонија со капацитет на преработка на млеко од над 65 милиони литри годишно која посветува врвно внимание на квалитетот и поседува врвен стандард за управување со квалитетот и контрола на безбедноста на храната - ISO 22000 (интегриран стандард од HACCP и ISO 9001) и стандард за заштита на животната околина ISO 14000. Млекара АД Битола е единствена млекарница во Р. Македонија која поседува извозен број за извоз во земјите на Европската Унија, што е врвен доказ за квалитетот на нашите производи. Од 2007 година Млекара АД Битола е дел од најголемата групација на млечната индустрија на Балканот - Danube Foods Group. Трговскиот центар Рамстор веќе осма година е присутен на македонскиот пазар и препознатлив по големата понуда на реномирани светски брендови. До крајот на 2013 година синџирот на супермаркети Рамстор ќе брои вкупно 14 продажни локации низ целата земја, со што брендот станува најбрзорастечки ланец на супермаркети во земјата.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии