Повеќе од 9.000 Македонци лани добиле бугарски пасоши
Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2021
Повеќе од 9.000 Македонци лани земале бугарски пасоши.
Дури половина од новостекнатите бугарски државјани во 2020-та, биле Македонци. Според бугарската агенција „Монитор“, лани се издадени 18.226 нови државјанства, од кои 9.098 се одобрени на граѓани од Македонија.
Интересот за бугарски пасош според агенцијата „Монитор“, доминирал и во последните пет години. Од 2016-та до 2020-та година Бугарија одобрила 53.400 државјанства. И од нив, речиси половина, односно 25.600 биле доделени на Македонци. Останатите се 7.200 Украинци, 3.800 Молдавци, 3.600 Срби, 2.800 Албанци.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.