Добивај вести на Viber
Повеќе делови од Скопје и околината уште ќе останат без струја поради зафати во дистрибутивната мрежа од ЕВН Македонија АД, а за подобрување на снабдувањето во овие реони. Според известувањето на Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, утре од 8.30 до 12 часот струја ќе нема на улицата Малешевска, во Кисела Вода. Од 8.30 до 12.30 часот прекини ќе има за корисниците од улицата 18 и 22 во село Трубарево.
Нешто подолго, од 8.30 до 16 часот исклучени од мрежата ќе бидат селата Драчевица и Цветово, а од 9 до 15.30 часот и населбата Стопански Двор, односно објектите во околината на гробиштата и црквата во Ѓорче Петров.
Од 10.30 до 15.30 часот струја ќе нема на улица Леринска во општина Центар, од 11.30 до 12.30 часот на дел од булеварот Теодосиј Гологанов во општина Карпош, а од 14.30 до 16.30 часот и корисниците од улицта Коле Неделковски и помалите околните улици во општина Центар, јавува РЦУК.