26 Јуни, 2024
0.0280

Повредениот во сообраќајката кај Штип е во стабилна состојба

Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Во стабилна состојба е повредениот во сообраќајната несреќа на автопатот Штип - Миладиновци, кој со тешки телесни повреди беше пренесен од штипската Клиничка болница на скопските клиники, изјави за МИА доктор Неџати Јакупи од Клиниката за торакална и васкуларна хирургија.

- Повредениот е на возраст од 29 години, во стабилна состојба е, со скршени ребра и контузии на белите дробови. Ќе биде задржан на опсервација неколку дена - рече доктор Јакупи.

Во тешката сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Штип-Миладиновци на околу половина километар од патарината кај Кадрифаково, загинаа три женски лица на возраст од 15, 37 и 62 години. Според првични информации, жртвите се во роднинска врска и се превезувале во возило шевролет „калос“ со скопски регистерски таблички, во кое имало уште две лица.

Според СВР-Штип, во несреќата повредени се четири лица. Како дошло до судир меѓу возилата тојота „ланд крузер“ со кочански регистерски таблички и шеворлет „калос“ со скопски регистерски таблички се уште се утврдува од страна на полицијата и јавен обвинител.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека учесници во несреќата се возилата „тојота „ланд крузер“ управувана од возач на 29-годишна возраст, во кое имало и сопатник на возраст од 34 години, при што и двајцата се  повредени и возилото „шеворлет калос“ со скопски таблички управувано од возач на возраст од 45 години, во кое се превезувало и 12-годишно момче и трите жртви.

Девојчето на возраст од 15 години и 62-годишната жена починале на самото место, а 37-годишната жена на пат кон штипската Клиничка болница. Лекарите се обидувале да ја реанимираат, но безуспешно, пред вратата на болницата им подлегнала на повредите.

Во штипската Клиничка болница во моментов се двајца пациенти на кои им се прават лекарски прегледи.

Полицијата и обвинител вршат увид на местото на несреќата, а сообраќајот се одвива по стариот регионален пат.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано

„Сакате да ја замајувате јавноста и да го поништите законот со тоа што ќе нанесете атомска бомба“: Ибраимоски тврди дека никому не се заканувал, еве што вели

„Сакате да ја замајувате јавноста и да го поништите законот со тоа што ќе нанесете атомска бомба“: Ибраимоски тврди дека никому не се заканувал, еве што вели