Повторно застој на граница
Објавено во: Македонија 14 Јули, 2019
Четири часа се чека на граничниот премин Евзони за влез во земјата. Долгата колона со возила започнува од првата наплатна рампа во Грција и се протега до границата. Од граничниот премин Богородица информираат дека кај нив нема подолги задржувања за излез од државата и дека возилата се пропуштаат за пет до десет минути.
Застој на граничните премини кон Грција имаше и вчера.