14 Декември, 2025
0.0785

Позадината на „Договорот на векот“: Преземањето на Warner е многу повеќе од стримингот на Netflix и HBO Max

Објавено во: Анализа 12 Декември, 2025 11:03

Добивај вести на Viber

Сигурно во изминатиот период сте слушнале шпекулации дека Netflix би можел да постигне договор со управата на Warner Bros. Discovery (WBD) за преземање на компанијата, што би значело и промена на сопствеништвото на стриминг-платформата HBO Max. Но, во позадината на потенцијалниот обид за преземање на овој медиумски конгломерат, всушност, се крие многу подлабока политичка пресметка за доминација меѓу интересите на Доналд Трамп и опозицијата.

Netflix целосно го промени бизнис-моделот на Холивуд и телевизиската играна продукција со тоа што ја засени потребата од прикажување на содржините во кино. Со пласирање на сите епизоди од сериите одеднаш, наместо еднаш неделно како на традиционалните телевизиски формати, Netflix засекогаш ги промени навиките за вклучување телевизија и чекање на ТВ-програмата.

Промената на навиките на конзументите на играна содржина значеше и промена на приливите на средства, заканувајќи му се на традиционалниот Холивуд и на традиционалната кабелска телевизија во новата дигитална ера. Netflix започна како иновативна стриминг-платформа, но денес е многу повеќе од тоа. Денес, Netflix е истовремено престижно филмско студиокои добива Оскари, сеприсутна телевизиска мрежа и централен хаб за забава.

Затоа и логичен би бил следниот чекор на Netflix – да го преземе главниот конкурент во стриминг-сегментот, како што е HBO Max, но и да добие целосна контрола над медиумско-забавната гама на Warner Bros. Discovery (WBD), филмските студија и интелектуалната сопственост. Ако договорот се оствари, Netflix, на пример, ќе ги има правата да ги продуцира содржините за суперхероите на Ди-Си Комикс (DC Comics), како што се Бетмен и Супермен.

Си-Ен-Ен (CNN)како и над 20 телевизиски канали кои емитуваат од документарни, едукативни, детски и спортски содржини, па сѐ до реалити-шоу програмиби се издвоиле во посебна независна компанија.

Netflix води либерална политика и е силен застапник на ЛГБТ+ и „воук“ (woke) културата во САД, а тоа го пресликува и глобално, со поддршка на таков вид проекти во различни земји каде што има силна база на претплатници.

Тоа е исто така аспект што треба да биде земен предвид, бидејќи зад конкурентната понуда за преземање на Paramount Global (Skydance) од страна на Лери Елисон, милијардерот-основач на Oracle, индиректно поддржан од Џеред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој е директор на инвестициски фонд во кој се длабоко навлезени пари од државниот фонд за инвестиции на Саудиска Арабија.

Оној што ќе успее во оваа „војна“ за преземање на WBD ќе има многу поголема контрола над медиумскиот и забавниот бизнис во САД, но со оглед на досегот што го имаат стриминг-апликациите, телевизиските мрежи и филмските продукции, ќе има и огромно влијание и на глобалната сцена.

Трамп, откако го доби вториот претседателски мандат, вети дека ќе го промени Холивуд, кој го смета за главна пропагандна машинерија на корумпираната либерална елита. Истото се однесува и на медиумската машинерија за, како што тој ги нарекува, „лажни вести“ (fake news), чиј главен епитом е токму CNN.

Paramount Global, како понудувач, пред сѐ размислува од аспект на филмско студио: пристап до актерите, режисерите, продуцентите и сценаристите, и одржување на кино-бизнисот, кој е сериозно нарушен поради намалената продажба на карти, а истовремено му е потребна посилна стриминг-платформа како HBO Max.

Лери Елисон, исто така, размислува со поддршка на Доналд Трамп да го преземе бизнисот на TikTok во САД и да го откупи од кинескиот сопственик ByteDance, со што би можел да креира медиумска и забавна империја која ќе биде спој на традиционалните содржини и иновативните технологии, а притоа ќе има многу моќ за влијание и претставување на интересите на „конзервативните“ милијардери.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

Анѓеловска: Ризично е да се потпирате на ВИ алатки и ботови за правно советување

Анѓеловска: Ризично е да се потпирате на ВИ алатки и ботови за правно советување