Пожар во училиште во Струмица, паднати дрвја, урнат покрив од зграда
Објавено во: Македонија 23 Јули, 2023
Невремето направи проблеми и во Струмица. Има паднати дрвја, кровна конструкција од зграда и пожар во училиште.
Околу 18,40 часот поради невреме со силен ветер на подрачје на СВР Струмица на повеќе локации има паднати дрвја, кровна конструкција од зграда и пожар во ОУ во селото Сушево.
Град паѓаше во кратовско, Кочани и Пробиштип.Неколку дена по ред во балканските земји има невреме кое направи штети.