Пожари беснеат во Македонија, оган се шири кон Кавадарци
Објавено во: Македонија 23 Март, 2019
Повеќе активни пожари има во земјава. Состојбата со пожарот кај росоманското село Манастирец е критична, а се појави и нов пожар кај соседното Трстеник.
Огнот се шири кон Кавадарци. Попладнево во велешко избувнаа уште два нови пожари. Едниот над реката Тополка на неколку километри од Велес, а вториот над манастирот кај велешкото село Оморани.