Пожарникар од Австрија се повредил во беровско
Објавено во: Македонија 10 Август, 2021
Австриски пожарникар на возраст од 53 години се повредил во беровско, по што е префрлен на скопска клиника.
Тој имал повреда на грбот. Австриските пожарникари и денеска се на најкритичното подрачје во селото Митрашинци каде што, заедно со колегите од Словенија и Бугарија, го контролираат пожарот кој неколку дена беснее во околината на Берово.
Во земјава помагаат пожарникари од Австрија, Бугарија, Словенија, а Србија се вклучи со хеликоптери.