21 Септември, 2019
0.0442

Пожарот кај Пинтија уште гори-ќе се дежура и ноќеска

Објавено во: Македонија 18 Август, 2019

 Пожарот во Пинтија се уште е активен. Територијалната противпожарна единица на Град Скопје доби помош и од воздух, активирани се и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување.

– Авионите направија два прелети  и фрлија вода кон Сопиште, каде се ширеше пожарот. Нема опасност за ширење на пожарот кон Сопиште, изјави за МИА заменик-командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески.

Тој информира дека ноќва на терен ќе има дежурни екипи на пожарникари, иако теренот е непристапен.

Во гаснењето на пожарот во Пинтија се вклучи и градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски со претставници од Општината. Во гаснењето е вклучено и месното население.

Во моментов активен е само пожарот кај Обиколница Бутел, а изгаснати се пожарите во Долно Блаце и Мојанци. 


Можеби ќе ве интересира

ФОКУС НА ДЕНОТ: Нови искази за „Рекет“, платите пораснале

ФОКУС НА ДЕНОТ: Нови искази за „Рекет“, платите пораснале

Продавачка на „Пјер Карден“ повикана на распит за „Рекет“

Продавачка на „Пјер Карден“ повикана на распит за „Рекет“

Талат Џафери го стави ВМРО-ДПМНЕ на тест: Предлог само со уставно име

Талат Џафери го стави ВМРО-ДПМНЕ на тест: Предлог само со уставно име

Обвинение за екс-директорот кој вработил службеничка за протести

Обвинение за екс-директорот кој вработил службеничка за протести

Собранието го одби предлогот да се истражи како се трошеле парите на СЈО

Собранието го одби предлогот да се истражи како се трошеле парите на СЈО

Започна уривањето дивоградби во Охрид

Започна уривањето дивоградби во Охрид

Раководителите на Меѓународниот сојуз на Боки 13 даваат исказ, повикан и бизнисменот Азманов

Раководителите на Меѓународниот сојуз на Боки 13 даваат исказ, повикан и бизнисменот Азманов

Есенската математичка школа: За сите ученици од основните и средните училишта

Есенската математичка школа: За сите ученици од основните и средните училишта

Туск со последни напори за поддршка на интеграцијата на Македонија во ЕУ

Туск со последни напори за поддршка на интеграцијата на Македонија во ЕУ