26 Април, 2024
0.0643

Пожарот во Велес во кој изгореа три деца можно е да е подметнат?

Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Екипите на СВР Велес и основниот јавен обвинител при ОЈО Велес вчера завршија со увидот на терен, што траеше два дена по трагедијата во која во трошна куќа во долот под ридот Вршник во самата шума на 20 јуни попладнето околу 16 часот живи изгореа три дечиња на четри,две и една година.

Од СВР Велес велат дека има претпоставки дека пожарот е подметнат, но за да се поднесе кривична пријава тоа треба да го потврди понатамошната истрага која продолжува.

„Увидот на терен заврши и ние се повлековме од местото на настанот. Тоа е техничкиот дел, но продолжуваме со оперативниот, односно ќе работиме на оперативни сознанија – ќе се продолжи со разговори со граѓани, комшии и останати кои имаат некакви сознанија во врска со случајот. Тоа значи дека истрагата во врска со трагичниот настан продолжува“- вели Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

Како што информира за МИА, Гордана Тодорова в.д.јавен обвинител од ОЈО Велес увидот на терен од страна на нејзината колешка бил завршен вчера околу 13:30 часот.

„Увидот е завршен, но во тек се вештачењата, анализите и испитувањата во врска со настанот“- вели Тодорова.

Со одлука на Советот на општина Велес на синоќешната вонредна седница денешниот ден 22 јуни е прогласен за Ден на жалост. Попладнево во 13 часот на градските гробишта во Раштани ќе бидат погребани Теона, Петар и Драгана.

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката