19 Мај, 2024
0.0526

Позната сумата што Европската комисија ја предложи како помош за Македонија

Објавено во: Економија 22 Април, 2020

Добивај вести на Viber

160 милиони евра е сумата која Европската Комисија ја предложи како макрофинансиска поддршка за Македонија во справувањето со економската и здравствената криза како дел од новата стратегија позната како „Тим Европа“ на Европската Унија, чија цел е да им се помогне на земјите партнери.

Предлогот е да се обезбедат вкупно три милијарди евра во форма на заеми за десет земји од нејзиното непосредно соседство. Од земјите од Западен Балкан, покрај за Македонија, им следува помош и на Албанија – 180 милиони, за Босна и Херцеговина 250 милиони евра, Косово – 100 милиони евра, Црна Гора – 60 милиони евра.

Европската извршна власт планира 150 милиони евра и за Грузија, 200 милиони на Јордан, сто милиони евра за Молдавија, 600 милиони евра за Тунис и 1,2 милијарди евра за Украина.

- Европската солидарност не застанува на границите на Унијата. Затоа што во оваа глобална криза стоиме или паѓаме заедно. Денеска Европската Комисија презема одлучен чекор да им помогне на десет од нашите соседни земји во нивната борба против коронавирусот, ги повикувам Европскиот Парламент и Советот брзо да се усогласат околу овој важен пакет, рече еврокомесарот за економија, Паоло Џентилони.

Останува уште Европскиот Парламент и Советот на ЕУ да го прифатат овој предлог, по што би се ослободила првата транша за брзо време.



Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?