Познати казните со кои ќе се соочат натрапниците кои го прекинаа финалето
Објавено во: Стил 16 Јули, 2018 11:36
Руските власти покренаа обвинение против членовите на панк групата „Пуси Рајот“ за „кршење на правата на гледачите“ и за незаконско носење на полициски симболи по вчерашниот упад на теренот кога на кратко го прекинаа финалниот натпревар на Светското првенство помежу Франција и Хрватска.
На нив им се заканува казна до 11.500 рубљи (околу 155 евра) или 160 часа општокорисна работа, објави новинската агенција Интерфакс минатата ноќ.
Тројца мажи и една жена во полициски униформи предизвикаа кус прекин со упадот во
52 минута од натпреварот Франција- Хрватска на стадионот Лужники во Москва, кој го
следеа 81.000 гледачи.
Членовите на групата денеска презедоа одговорност за упадот.
Мечот продолжи по само една минута откако брзо интервенираше обезбедувањето.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





