Познато кој ќе биде амнестиран за 27 април, а колкумина не
Објавено во: Македонија 14 Декември, 2018
Со новиот закон со кој ќе се обезбеди амнестија за настаните во Собранието на 27 април ќе бидат опфатени вкупно 30 лица, додека преостанатите 40-мина осомничени, обвинети и осудени ќе бидат изоставени според проектираниот опфат, објави Дојче Веле.
Низ „филтерот“ ќе поминат сите кои не извршиле никакво насилство, кои не го подготвувале и организирале упадот во Собранието, и кои не се гонат по командна одговорност.
Според тоа, низ овој „филтер“ треба да поминат 20 лица, од вкупно 33 кои се гонат за загрозување на уставниот поредок, и на околу десетина лица засега обвинети за „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службена должност“.
Апсилутно нема да има „простување“ за седумтемина осудени за обидот за убиство на Зијадин Села, 12 лица обвинети за кривично дело насилство, и полициските функционери на кои им тежи командната одговорност.