20 Декември, 2025
0.0570

Пратениците само што почнаа да работат си земаа слободен викенд

Објавено во: Македонија 01 Април, 2017 09:30

Добивај вести на Viber

Конститутивната седницата на македонското Собрание ќе продолжи во понеделник во 12 часот. Викендов пратениците ќе одмараат од „напорните“ реплики и контрареплики на пратениците од ВМРО ДПМНЕ. И денешната седница не поминна без опструкции што го вклучи алармот во ДУИ чие претседателство заседава во Мала Речица.

Петре Шилегов од СДСМ рече дека сака да одговори на невистините кои се шират од собраниската говорница и посочи дека промена на државните симболи нема, промена на уставниот карактер на Република Македонија како парламентарна демократија и унитарна држава нема и дека примена на двојазичност на целокупната територија на Македонија нема. Тој рече дека за разлика од некои други, пратениците на СДСМ се луѓе со интегритет и не се продаваат.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ реплицирајќи му на Шилегов рече дека овие пет дена ако не друго им помогнале да дојдат до заклучокот дека во Република Македонија се подготвува голема измама.

- Има десетици и десетици изјави од Зоран Заев, од Али Ахмети, од Бујар Османи, од Артан Груби… во кои има јасни и прецизни тврдења. Заев кажа дека е позитивен спрема платформата и дека таа е дел од усогласените работи, Ахмети кажа дека законот за јазици е заклучен и иако сето тоа го видоа граѓаните се уште има луѓе во Собранието на РМ кои тврдат дека нема платформа. Едни ја читаат платформата, други ја потврдуваат, а трети велат дека нема платформа. Зарем треба поголем доказ дека ова е измама. Извадете ги до детали сите работи кои сте ги договориле. Должни сте да ја информирате јавноста за сите детали и од таа позиција многу полесно ќе биде да ги браните вашите позиции, рече Димовски.

Конститутивната седницата на македонското Собрание ќе продолжи во понеделник во 12 часот.


Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти