18 Мај, 2024
0.0317

Правниот тим на Рашковски: Дали се бориме вистината да излезе на виделина, или некој намерно сака да прикаже друга слика?

Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Правниот тим на екс генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски во соопштение испратено до медиумите информира дека софтверот е набавен со Одлука на Влада, со документ за технички прием и во целосно легитимна постапка ова го потврдува и ОЈО со материјалните докази. 

Велат дека постои одлука на Владата за набавка на „спорниот“ софтвер којашто датира од декември 2019 година. Додаваат дека постојат и документи што потврдуваат дека софтверот има технички прием и тоа значи дека е почитувана целосно постапката за набавка во Влада и дека целиот процес е легитимен.

„И покрај тоа што тој документ постои и докажува дека се е законски спроведено, ОЈО го игнорира овој факт и свесно продолжува да брани обвинение кое нема никаква основа. Имено, во дописот испратен до Основното Јавно Обвинителство во јуни 2021 ги има сите документи, одлуката, записник од техничкиот прием, потврда дека софтверот е во сопственост на државата. Нејасно е зошто одлуката на Влада не се доставува како доказ од ОЈО. Постапката е целосно почитувана за набавка на софтверот, а јавното обвинителство игнорира дел од документите за да прикаже друга реалност. Поставуваме прашање, дали се бориме вистината да излезе на виделина, или некој намерно сака да прикаже сосема друга слика во јавноста. Зошто овие документи не се презентираат во Судот. Поради тоа следниот месец ќе направиме и јавно вештачење на централна скопска улица за да се увери јавноста дека софтверот функционира“, велат од правниот тим на Рашковски. 

Со сослушување сведоци предложени од Обвинителството во Основниот кривичен суд – Скопје продолжи судењето против Рашковски, кој заедно со уште шест лица се товари за нелегалната набавка на софтвер. На денешното рочиште, се сослушани повеќе сведоци.

Судењето продолжува на 1 ноември. За следно рочиште се повикани четворица сведоци, меѓу кои и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Рашковски е обвинет за кривичните дела „ Злоупотреба на службена положба и овластување" и „Перење пари и други приноси од казниво дело".

Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „Злоупотреба на службена положба и овластување" од КЗ.

Можеби ќе ве интересира

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување