ПРАЗНИЦИТЕ ПОМИНАА: Како да работиме кога воопшто не ни се работи?!
Објавено во: Финансии 10 Јануари, 2017
Уште сте во празнично расположение и никако, ама никако не ви се работи? За жал шефот едвај ќе ги прифати со разбирање овие оправдувања. Затоа приберете се и фатете се за задачите. Ќе ви помогнеме со неколку совети.
Наградата се пред да почнете. Мотивацијата е исклучително важна. Зголемете го нивото на хормонот допамин, така што ќе си дозволите нешто вкусно за јадење, омилено кафе или изгледајте забавно видео во интернет.
Уредете го работното место. Отфрлете ги сите непотребни работи. Така ќе ги организирате и мислите и ќе можете да се фокусирате на работата.
Пуштете си класична музика или џез, за да го смирите и освежите мозокот.
Поделете големите задачи на неколку помали. Ќе ги завршите побрзо и ќе ви се видат полесно. А и со напредувањето мотивацијата ќе се зголемува.
Визуелизирајте успехот. Затворете ги очите за неколку минути и замислете го моментот во кој сте постигнале некоја своја цел. Истражувања утврдиле дека тоа ја зголемува продуктивноста.
Просто направете го. Игнорирајте ги факторите кои го одвлекуваат вашето внимание, приберете се и работете. Да почнете е речиси половина од работата и е доста полесно отколку што мислите.