27 Април, 2024
0.0349

ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕНА БИЛ РОДЕНДЕНОТ НА ПРЕРАНО ПОЧИНАТИОТ ДЕНИС - неговиот брат ќе му ги посвети сите победи

Објавено во: Балкан 30 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Борис Тот, брат на убиениот ракометар Денис Тот, за чие убиство вчера беа изречени пресуди на тројцата сторители на кривичното дело, пред неколку дена преку своја објава на фејсбук му го означи роденденот на својот прерано починат брат.

Таа објава се случи точно на 19 ноември, кога бил роденденот на Денис Тот.

„Драг мој, денес е твојот роденден кој за жал не можеме да го прославиме. Секогаш беше и ќе бидеш мојот вечен пример и секој ден ми недостасуваш се повеќе и повеќе.. Те сакам најмногу и знај дека ќе продолжам да ги живеам нашите заеднички соништа и секоја победа, одбрана и успех ќе ја посветувам само и исклучиво на тебе“, напишал Борис Тот на 19 ноември.

Вчера немаше објава од Борис на фејсбук, по изречените пресуди за убиството на Денис и тоа две од по 18 години, а една од 16 години. 

Имено, вчера Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска, Андреј Костовски, беа прогласени за виновни за убиство на хрватскиот ракометар Денис Тот пред дискотеката „Привилиџ“ во скопскиот градски парк.

Ѓоргиевски е осуден на 18 години затворска казна, Левковска доби 18 години, Костовски пак доби 16 години. Во казната влегуваат и деновите минати во притвор.

Ѓоргиевски му нанел силни удари на Тот, а Левковска продолжила да го тепа, констатираше судот. Ѓоргиевски потоа не бил достапен за органите на прогонот.

Сите тројца добија олеснителна околност затоа што се млади. Ќе треба да им се исплати и материјална штета на блиските на Тот, околу половина милион евра во следните шест месеци. Обвинетите бурно реагираа откако ја слушнаа пресудата.

- Ова не е убиство, рече Клементина, откако ја слушна пресудата, па побара да ја однесат во тоалет бидејќи и се повраќа.

„Пред Господ сум чист, не сум убил никого. Совеста ми е чиста. Тоа е заради јавност, знаеме под какви околности, Не се секирај мама, се е во ред“, изјави Андреј откако ја слушна пресудата.

Родителите со лелек, солзи и неверување ја дочекаа пресудата. Која е оваа правда? Млади деца се!, Ова не е убиство!, беа дел од коментарите на роднините.

Иако бараа притворот да им биде заменет со поблага мерка, обвинетите, правосилноста на пресудата ќе ја чекаат во притвор.

За судот неспорно е дека тројцата заеднички го згаснале животот на 27 годишниот Тот. Изјавите на сведоците и видео снимките откриле дека Анџело, Клементина и Андреј со боксови и клоци по главата го усмртиле хрватскиот ракометар.

Обвинителството е задоволно од пресудата, велат казните се во рамки на законски предвидените.

За одбраната пак, казните се драконски.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната