Ѓоргиевски и Левковска добија по 18 години затвор за смртта на ракометарот Денис Тот
Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2022
Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска, Андреј Костовски се прогласени за виновни за убиство на хрватскиот ракометар Денис Тот пред дискотеката „Привилиџ“ во скопскиот градски парк.
Ѓоргиевски е осуден на 18 години затворска казна, Левковска доби 18 години, Костовски пак доби 16 години. Во казната влегуваат и деновите минати во притвор.
Ѓоргиевски му нанел силни удари на Тот, а Левковска продолжила да го тепа, констатираше судот. Ѓоргиевски потоа не бил достапен за органите на прогонот.
Сите тројца добија олеснителна околност затоа што се млади. Ќе треба да им се исплати и материјална штета на блиските на Тот.