СИНОЌА ВО ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА БИЛ УДРЕН ПЕШАК - со Брза помош бил пренесен во болница
Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2022
Синоќа околу 23 часот во близина на постојката пред општина Кисела Вода автомобил удри човек. Повредениот падна на асфалтот на Булеварот Борис Трајковски, на коловозната лента која води кон центарот на Скопје, објави телевизија Телма.
Неколку минути по ударот, пристигна тим на Итната помош, а по првична укажаната медицинска грижа, повредениот е префрлен во една од скопските болници.
Автомобилот кој го повреди по ударот заврши во бандера во близина на местото на сударот.