13 Април, 2025
0.0644

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

Објавено во: Македонија 28 Март, 2024 08:06

Добивај вести на Viber

Младите луѓе откако ќе се вработат се соочуваат со предизвикот како да се истакнат на работното место и да се издвојат од конкуренцијата.

Тие треба да се покажат во најдобро светло, да демонстрираат креативност, оригинални идеи. Изабела Христовска Шкоф, сертифицирана кариерна советничка објаснува дека младите треба да имаат предвид дека резултатите не доаѓаат брзо, треба да имаат трпение и да бидат упорни. Работата на себе е неопходна за успех. Младите треба постојано да учат и да ги следат сите трендови во браншата во која работат.

„Идентификувајте што ве издвојува од конкуренцијата односно кои се вашите уникатни технички и преносливи вештини. Специјализирајте се во поконкретна област со цел во иднина да станете експерт. Понудете им исклучителна услуга на вашите клиенти. Изградете силен личен бренд на социјалните мрежи, особено професионалната мрежа LinkedIn. Ставете фокус на континуираното учење и следете ги трендовите во индустријата и најдобрите практики. Креирајте содржини на социјалните мрежи кои ја покажуваат вашата експертиза во вашата индустрија. Градете професионална мрежа и соработувајте“, вели кариерната советничка.

Советува дека ако младите веднаш не најдат работа, треба да се посветат на практиканство. Времето можат да го посветат и на волонтирање кое во иднина ќе им биде од корист.

„Креирајте портфолио со вашите најдобри проекти. Доколку немате искуство, направете неколку бесплатни проекти за компании кои потоа би ви дале препорака за добро завршената работа, а тие проекти можете да ги додадете и во вашето портфолио. Бидете конзистентни во вашата работа, станете препознатливи како доверливи, исполнителни и професионалци. Останете упорни и трпеливи бидејќи успехот не доаѓа преку ноќ“, додава Шкоф.

Донка Спасовска од агенцијата за посредување при вработување „Хоризонт“ од Скопје вели дека има млади кои немаат работно искуство, но се познава дека имаат ентузијазам и сакаат да работат и да се докажат. Според неа, тоа во старт е предност.

„Со оглед на тоа што конкуренцијата е здрава работа и во неа ги гледаме нашите слабости и мани, можеме да видиме каде да го зголемиме својот капацитет. Нормално е секој кандидат да биде издвоен врз основа на својата стручност, но имаме почетници кои треба да го оформат своето знаење, а самата стручност се добива со упорност во одредено поле кое го сакаме. Тоа се постигнува со обуки, посета на семинари, ентузијазам. Ако човек тргне од себе, ќе сфати дека врз основа на својот ентузијазам стигнал таму каде што е сега. Треба несебично да работат без разлика дали работат за себеси или за друг и да имаат искрен пристап за да се издвојат, затоа што тоа се препознава“, вели Спасовска.

Многу млади во земјава често менуваат работни места додека да најдат соодветен ангажман, а според податоците на Агенцијата за вработување, бројот на невработени во државата во февруари 2024 година изнесувал 106.618. Дури 18 доктори на науки се водат како невработени, 568 магистри и над 6.700 луѓе со завршено високо образование, а има и над 700 со завршена виша школа.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ЈАКИМОСКИ СО НОВИ МЕРКИ ЌЕ ГИ „ЗАУЗДУВА“ ИНВЕСТИТОРИТЕ ВО КАРПОШ: Еве што ќе преземе

ЈАКИМОСКИ СО НОВИ МЕРКИ ЌЕ ГИ „ЗАУЗДУВА“ ИНВЕСТИТОРИТЕ ВО КАРПОШ: Еве што ќе преземе

КУЌЕН ПРИТВОР, ПРИТВОР, МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ: Судот во Кочани добил барања за 18 лица

КУЌЕН ПРИТВОР, ПРИТВОР, МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ: Судот во Кочани добил барања за 18 лица

КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ЗА ВЕЛИГДЕН? Еве што вели Попоски

КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ЗА ВЕЛИГДЕН? Еве што вели Попоски

ПОЧИНА И ЈАГУАРОТ ИНЕС: Скопската зоолошка градина на Фејсбук ја објави тажната вест

ПОЧИНА И ЈАГУАРОТ ИНЕС: Скопската зоолошка градина на Фејсбук ја објави тажната вест

СДСМ: Повторно нема истрага против никој од МВР одговорен таа ноќ

СДСМ: Повторно нема истрага против никој од МВР одговорен таа ноќ

КУЧИ СЕ ВРАЌА ДОМА, А ТОШКОВСКИ ГО ОЧЕКУВА: „Со првиот лет ќе бидам во Скопје“, рече Кучи

КУЧИ СЕ ВРАЌА ДОМА, А ТОШКОВСКИ ГО ОЧЕКУВА: „Со првиот лет ќе бидам во Скопје“, рече Кучи

„ЛУЃЕТО ВО ГЕРМАНИЈА РАБОТЕА, ТУКА ЗЕМАА ПЛАТА“: Уставната судијка Павловска Данева за балансерот и неговото укинување

„ЛУЃЕТО ВО ГЕРМАНИЈА РАБОТЕА, ТУКА ЗЕМАА ПЛАТА“: Уставната судијка Павловска Данева за балансерот и неговото укинување

ИСТРАГАТА ЌЕ ТРАЕ УШТЕ НАЈМАЛКУ ДВА МЕСЕЦИ: Коцевски вели 13 години ниеден инспектор од општина Кочани, не спровел проверка на објектот каде била дискотеката

ИСТРАГАТА ЌЕ ТРАЕ УШТЕ НАЈМАЛКУ ДВА МЕСЕЦИ: Коцевски вели 13 години ниеден инспектор од општина Кочани, не спровел проверка на објектот каде била дискотеката

ИВОН ВЕЛИЧКОВСКИ:Сите министри за економија – Албанци од претходните влади се виновни, но сите министри за внатрешни – Македонци во истиот период се ненадлежни?!

ИВОН ВЕЛИЧКОВСКИ:Сите министри за економија – Албанци од претходните влади се виновни, но сите министри за внатрешни – Македонци во истиот период се ненадлежни?!