19 Мај, 2024
0.0248

ПРЕДЛОГ: Наместо К-15, ваучер за годишен одмор?

Објавено во: Економија 17 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Претседателката на Стопанската комора за туризам на Македонија Лела Крстевска предлага регресот за годишен одмор или популарно наречениот К-15 да се исплаќа преку ваучери за одмор во Македонија. Во интервју за Радио Слободна Европа, Крстевска смета дека на тој начин домашните туристи ќе останат во земјава, ќе се зголеми сезоната, ќе се намалат цените на хотелските услуги и ќе се влијае на растот на туризмот во Македонија. Од друга страна, пак, би придонело да се задржи вработеноста во туристичките капацитети - работниците би ги задржале своите работни места особено онаму каде што работат сезонски. „Јас гарантирам дека ниту еден, ниту хотелите од 5 ѕвезди, гарантирам за сите хотели, јас го знам пазарот и работењето, дека ниту еден хотел нема да одбие вон сезона, кога има исполнетост од 10 отсто, да биде исполнет 60 отсто и да продаде аранжман од 6 ноќевања, односно 7 дена, за 150 евра, не постои таков хотел во Македонија. Можеме да го правиме тоа и да биде многу успешна приказна, затоа што одморот трае повеќе од 20 дена, а една недела е доволно да се искористи и да се експлоатира некое домашно богатство и да се унапреди работата на домашните туристички работници, да се продолжат сезоните во местата, затоа што претсезоната во Охрид можеби почнува во мај, но зошто и април да не биде полн со домашни гости“, предлага таа. Истовремено, нагласува дека во услови какви што постојат на пазарот и зголемената конкурентност, главниот македонски туристички центар Охрид многу тешко го одржува позитивниот раст. „Верувајте дека во овие услови на криза со којашто во моментов се соочуваат повеќето земји во светот, а и туристичката индустрија како гранка се соочува со зголемена конкурентност, тешко е да се одржи позитивниот раст, тешко е да се одржи зголемен број на посети, тешко е да се одржат повторливите посети, односно туристите што се враќаа, поради огромниот избор што се јави во последно време, се отвораат нови туристички дестинации, секоја атракција веќе станува туристичка дестинација, аква паркови итн., така што конкурентноста е навистина тешка и во таа смисла Охрид се бори со кризата на свој начин, но и со негативната кампања“, вели Крстевска за Слободна Европа. Целото интервју ТУКА.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа