18 Мај, 2024
0.7784

ПРЕДВИДУВАЊЕ: Ако имате пари вложете ги на вистинското место

Објавено во: Економија 10 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Иако прогнозите за цените на многу од суровините остануваат мрачни, долгогодишниот инвеститор Марк Мобиус препорачува отворање на долгите позиции во повеќето ставени под притисок средства. "Токму сега, верувале или не, суровините се далеку од својата вистинска вредност", вели Мобиус, кој е извршен претседател на Templeton Emerging Markets Group. "Никој не знае што ќе се случи понатаму во однос на воената ситуација на Блискиот Исток, па нафтата е нешто што треба да се следи. Мислам дека ќе има реконструкција", додаде тој. По повеќе од 50 отсто пад во цените на нафтата меѓу јуни 2014 година и јануари оваа година, стабилноста на енергетските пазари во голема мера се поврати во последниве недели. Истото сепак не може да се каже за други суровини, како железната руда, чија цена презеде надолу до децении минимум како резултат на загриженоста од презаситеност на понудата. Според Мобиус сепак дисбалансите меѓу понудата и побарувачката во секторот на суровините ќе се корегираат со текот на времето. "Побарувачката на железна руда и сите овие суровини ќе продолжи. Се разбира, ние имавме пад во последно време, но глобалниот економски раст продолжува. Ова е само привремено", рече тој. Според него со железната руда, на пример, падот на цените ќе ги принуди многу производители да ги прекинат своите активности како резултат на балансираната средина меѓу понудата и побарувачката. Коментирајќи други инвестициски можности, Мобиус изјави дека кинеските изложености се со најголема тежина во паричникот, следени од оние во Индија и Тајланд. Тој очекува големите државни банки во Кина да успеат да издржат на корпоративните банкроти, кои најверојатно ќе се појават како резултат на забавувањето на економијата. "Тие (банкротите ) ќе ги опфатат помалите банки и помалите финансиски институции", истакна тој. Во однос на Индија Мобиус рече дека премиерот Нарендра го почнал управувањето "во вистинската насока" со реформите. Сепак, тој изрази некоја загриженост во однос на брзината на напредокот. "Многу е тешко во земја како Индија, каде што има многу локална власт. Тие не сакаат да се менуваат на државно ниво", истакна тој. "Постојат посебни ситуации кога државата ќе се справи многу добро, бидејќи прави реформи. Во други случаи, тоа не е така, па приватните инвеститори треба да бидат многу внимателни. Ќе биде тешко тоа да се постигне на национално ниво", додаде Мобиус. За да се заштити од ваквите ризици, Марк Мобиус рече дека претпочита да инвестира во извозно ориентирани компании, како Tata Consultancy Services и најголемите локални конгломерати како Reliance Industries. Гледајќи во меѓувреме кон Тајланд, тој посочи дека не е премногу загрижен за позадината на политичката несигурност. "Тајландските компании покрај политичката средина се справија многу добро. Тие се добро менаџирани и многу ефикасни", рече тој. "Сега, со проширување на трговијата со остатокот од АСЕАН, тоа ќе биде добро место за водење бизнис". К.К.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа