18 Мај, 2024
0.0300

Преголема брзина – најчеста причина за сообраќајни несреќи во Македонија

Објавено во: Економија 03 Август, 2014

Добивај вести на Viber

За само шест месеци од почетокот на годинава, во Македонија се случиле 1.716 сообраќајни несреќи, во кои 71 лице го загубило животот, а 2.687 биле повредени. Бројот на сообраќајни несреќи и жртви е нешто помал во споредба со истиот период минатата година. Од извршената анализа може да се заклучи дека во првите шест месеци од годинава најголем број на сообраќајни незгоди со потешки последици се случиле на подрачје на СВР Скопје. Најчеста причина поради кои се случиле сообраќајните незгоди е прекршокот „управување со возилото со брзина поголема од дозволената“, а најзагрозена категорија на учесници во сообраќајот се возачите и сопатници во моторни возила. Гледано по подрачја, 44% од сообраќајните незгоди се случиле на подрачјето на СВР Скопје-758 незгоди, потоа следи СВР Битола со 184, СВР Тетово-158 незгоди, на подрачјата на СВР Штип и СВР Куманово по 134 незгода, СВР Велес-128, на подрачјата на СВР Струмица-112, а најмалку на подрачје на СВР Охрид-108 незгоди. По месеци, најмногу незгоди се случиле во мај -314, потоа во април -299, а најмал број на сообраќајни незгоди се случиле во февруари -251. По часови, најмногу незгоди се случиле во времето од 14,00 до 16,00 часот-245 незгоди, а најмал број незгоди се случиле во времето од 02,00 до 04,00 часот- 47 незгоди. Поради грешки на возачите се случиле 1.622 незгоди со настрадани лица, што претставува 94% од вкупниот број на незгоди, во кои загинале 68 лица, а 2.578 се повредени, најчесто поради управување со возилото со брзина поголема од дозволената-689, потоа поради недржење страна и правец на движење-522 поради непочитување на правилата за првенство на минување-495 и во помал број поради други причини. На планот на сузбивање на сообраќајната деликвенција, од страна на Министерството за внатрешни работи, против прекршителите на сообраќајните правила и прописи превземени се вкупно 136.725 превентивно-репресивни мерки, што во споредба со истиот период од минатата година бележат зголемување за околу 10 %.
Преземени превентивно-репресивни мерки  I полугодие од 2014 година  I полугодие од 2013 година
Вкупно мерки 136.725 124.690
Барања за поведување на  прекршочна постапка 49.985 50.658
Наплатени парични глоби 5.176 3.611
Исклучени возила од сообраќај 9.326 9.186
Исклучени возачи од сообраќај 13.165 10.255
Времено одземени возачки дозволи 3.403 1.898
Извршени алкотестирања 32.993 28.291
Изречени опомени 14.990 14.233
Повикани на сообраќајна поука 3.001 1.706
Останати мерки 4.686 4.852
  Во анализираниот период, полициските службеници, покрај репресивните мерки, активностите ги насочија и во полето на превенцијата кои резултираа со зголемување на превентивните мерки, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра