16 Декември, 2025
0.0596

Преговорите за иранската нуклеарна програма продолжуваат

Објавено во: Свет 02 Април, 2015 12:50

Добивај вести на Viber

Дипломатскиот маратон меѓу светските сили и Иран продолжува и утрово во Лозана, по осум часа преговори и нова непреспиена ноќ помината во обиди да се најде компромис за иранскиот нуклеарен проблем, пренесоа агенциите. Крајниот рок за постигнување договор истече уште на 31 март.

Министрите за надворешни работи на САД и Иран, Џон Кери и Мохамад Џавад Зариф, ги продолжија разговорите до раните зори, што направија само една кратка пауза во која Кери се сретна со своите колеги од Франција и Германија.

„На неколку метри сме од финалето, неколку десетици метри, но знаеме дека тие се најтешките“, сумираше синоќа шефот на француската дипломатија Лоран Фабиос при пристигнувањето во Лозана пред полноќ.

„Влогот е многу голем, бидејќи станува збор за борба против ширењето на нуклеарното оружје и за повторното вклучување на Иран кон меѓународната заедница“, изјавил Фабиос.

„Сакаме силен и убедлив договор и се уште има точки на кои треба да биде постигнат напредок, особено од иранска страна“, додал тој.

Неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмаер го откажа во последен момент планираното патување во балтичките земји, за да продолжи со преговорите во Лозана.

Цела ноќ се водеа билатерални разговори меѓу министрите, средби меѓу експерти, разговори меѓу високи дипломати од различни делегации. „Се работи на сите нивоа“, изјавил западниот извор.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф изјавил синоќа дека е постигнат значителен напредок, но се потребни уште дискусии, за да се дојде до договор.

Иранскиот преговарач Али Акбар Салехи изјавил дека преговорите се блиску до расплет. „Постигнавме голем напредок, се гледа светлина на хоризонтот“, изјавил Салехи, кој е одговорен за техничките прашања во иранската делегација.

Лозана е богат швајцарски град кој функционира врз основа на ред и правилно читање на времето, колку човек да не е преговарач за нуклеарни прашања, пишува британскиот весник. „Фајненшл тајмс“.

Дипломатските преговори во последната недела, кои се водат тука во обид за постигнување на рамковен договор меѓу Иран и светските сили, се ништо, но не и предвидливи.

Изминатите седум дена ги затегнаа односите во групата „П5 + 1“. Некои од нејзините членови, особено Франција, се критични кон лошиот според нив пристап кон преговорите. Потребата да се постигне цврст договор на политичко ниво до крајот на март - пресвртница на американскиот пристап - ги става во непријатна ситуација, велат некои европски дипломати.

„Фајненшл тајмс“ го цитира аналитичарот Клиф Купчан, според кого САД вложуваат многу на овој прв краен рок (31 март), за да може Барак Обама да го ослабне притисокот кој е контролиран од републиканскиот Конгрес. Но Франција не смета така - за неа 31 март е импулс кој може да ги втурне земјите кон договор, а вистинското шоу е на 30 јуни, дополнува Купчан.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во вторникот рече дека има големи шанси за успех и учествува во четиричасовната пленарна седница. Разговорот кој требаше да биде последна пречка пред постигнување на договор, заглави во техничките детали.

Наместо да се зафати со некој од преостанатите нерешени политички прашања - особено олеснување на санкциите на ОН - шефот на иранската нуклеарна програма Али Акбар Салехи и министерот за енергетика на САД Ернест Мониз разговараа за технички детали, забележува британското издание, цитирајќи дипломатски извори.

Министрите доаѓаат во Лозана и си одат, крајните рокови не се почитуваат, а забелешките намерно се прават зад затворени врати, за да може да се утврдат. Оптимизмот брзо доведе до пат на песимизам и исцрпеност, заклучува „Фајненшл тајмс“.

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете