19 Април, 2024
0.0298

Прехрамбена сигурност

Објавено во: Колумни 27 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Глобален аспект :

Проблемот со прехрамбената сигурност станува видлив во ситуации на светски кризи – финансиска, социјална и економска. За прв пат поимот прехрамбена сигурност се дефинира во средината на седумдесетите години на ХХ век , по повод катастрофалниот недостиг на храна во земјите од третиот свет, проследен со масовен глад и смрт на десетици илјади луѓе. Поводот за тоа е опаѓање на обемот на производство на пченица во водечките земји производители на жита. Намалувањето на севкупната понуда на светските пазари на пченица и последното зголемување на цените и на други видови храна, ја дестабилизира ситуацијата и на другите пазари на храна. Откажувањето на земјите извозници да ги исполнат своите задолженија ги доведе во состојба на страв од недостиг на основна храна. Терминот food securiti за првпат е воведен на одржаната во 1974 година во Рим Светска конференција за проблемите на исхраната организирана од Прехрамбената и земјоделската организација на ООН.

Светската криза од 1972-1973 година ги претвори проблемите за прехрамбената сигурност во важен фактор на националната сигурност за сите земји. Следува Римска декларација за светската прехрамбена сигурност од 1996 година, која го посочува како основен показаел за прехрабената сигурност: 1. Физичкиот достап до доволни количини на безопасна храна.2.Економска достапност на храната за сите социјални групи од населението. 3. Автономност и економска самостојност на националниот прехрамбен систем (прехрамбена независност).

Забрзаните процеси на глобализација и финансиска криза 2008-2009 година исто така ги исфрли на преден план проблемите со прехрамбената сигурност и тоа стана предмет на стојалиштето за Европскиот економски и социјален комитет (2009) во односот на трговијата и прехрамбената сигурност, финансиската криза од 2008 година се одрази и врз цените на храната и одново предизвика глад во земјите во развој кога беа погодени милијарда луѓе во Азија, Африка на југот на Сахара и др.

Постојат и други причини за прехрамбени кризи со забавено влијание: постепено намалување на инвестициите во земјоделството и ниска продуктивност во земјоделството во сиромашните земји; забавени процеси на урбанизацијата; пораст на доходот во некои земји со раст и доходот (Кина,Индија) и премин на прехрамбен режим со поголема консумација на месо; ширење на системите за производство на резерви; шпекулативни капитали и инвестициски фондови во своите портфолија да вклучуваат хартии од вредност поврзани со земјоделски производи каде се вклучени и некои европски земји.

Национално ниво .

За сожаление, глобално предизвиканите проблеми со прехрамбената сигурност треба да се решава на национално ниво, бидејќи декларациите на ООН и ред невладини организации сами не можат да го нахранат населението во светот. Одговорноста за исхраната лежи врз одделни држави односно на нивните жители.

Поимот, национална прехрамбена сигурност има два аспекта: социјално-економски (способност на земјата да ги обезбеди потребите на населението со храна) и политичко-економски (способност да е мобилизираат внатрешните ресурси и земјоделско индустрискиот потенцијал на земјата за обезбедување на потребите. Националната прехрамбена сигурност претставува севкупност од институции и механизми на ниво на државата вклучувајќи рационална организација на националното производство, транспорт, чување на преработки на безбедни производи со зејоделско потекло, создавање на погодни услови за зголемување на конкуретска способност на домашно произоводство и ефективно користење на научноиновациски технологии во земјоделското производство.

Во литературата постојат три пристапи за дефиниција на националната прехрамбена сигурност.

Според првиот пристап како критериум за прехрабена сигурност е нивото на потребната храна без оглед на потеклото на храната – сопствена или туѓа само да се задоволи потребата.

Вториот пристап се базира на елиминирање на зависноста на земјата од масовен и неколтролиран увоз на храна и прехрабени производи.

Во основата на третиот пристап е самоосигурување на земјата со храна и заштита на домашните производители преку спроведување на неопходните услови за производство на широк асортиман на конкурентно производство.

Во современи услови многу држави преминуваат кон стратегија за сопствено обезбедување со храна и прехрабени поризови. Главна причина за таква политика е нестабилна динамика на цените на светските земјоделски пазари и влошување на положбата сврзана со глобалната прехрамбена сигурност. Аграрната политика на многу земји е ориентирана кон стимулирање на развој на националните агрокомплекси со цел да достигне прехрабена сигурност.

Н.А. Фромхеру посочува дека е неопходно да се разграничат категориите, прехрамбената сигурност и прехрабена независност. (Fromhere 2012:67). Концепцијата за прехрабената сигурност означува разграничување помеѓу државите кои имаат можност да го исхранат својот народ со сите средства и земји кои имаат можност да го исхранат народот за сметка на сопствените ресурси. Земјите кои се посилно зависно од увоз на храна не се осеќаат во полна мера независни.

Заштитата од загуба на националната прехрамбена независност периодично се засилува во врска со нестабилноста на социоекономските и политички состојби, неповолни климатски промени, слаба државна поддршка и заштитата на земјоделството.

Прехрабената сигурност се намалува според некои автори поради некои ризици: Макроекономски риск; производен и управувачки риск; социјален риск; еколошки риск; пазарен риск и др.

Намалувањето на ризиците кај прехрабената сигурност бара признавање на концепцијата за многуфункционалност на земјоделството, која исполнува не само функции на прехрабена сигурност на населението, туку и функциите на социјалната положба на животите на селското население и развој на селото во целина.

Каква е прехрамбената сигурност на Македонија? Познато е дека Македонија е зависна од тоа во голем обем и долг временски период од увоз на храна. На нашето население недостасува храна во вредност од 613 милиони долари (2016 год.), но ако од тоа го намалиме износот на увезени храни од Македонија тогаш останува вредност од 264 милиони долари во вредност на храна која ни е потребна, а ние не сме во состојба да ја произведеме. Според тоа ние спаѓаме во група на земји кои користат критериум за прехрамбена сигурност, без оглед дали е домашно производство или надополнето со увоз. За жал тое не е поволна опција, туку ако се искористат рационално предностите на нашето земјоделство, можеме да бидеме независно од увоз на храна за да ја заштитиме прехрабената сигурност на жителите на Македонија. 


 Проф.Б.Анакиев, Проф.Ромина Кабранова

Можеби ќе ве интересира

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок