19 Мај, 2024
0.0397

Прекината расправата за избор на нов јавен обвинител

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Предлогот Љубомор Јовески да биде нов јавен обвинител дојде попладнево на дневен ред на собраниската седница, но спикерот Талат Џафери, ја прекина седницата затоа што секако не остана доволно време. 

Збор во Собранието за предлогот Љубомир Јовески да биде јавен обвинител на Република Македонија имаа само заменик министерот за правда, Оливер Ристовски, и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Ристовски го образложи предлогот и ја претстави биографија на Јовески.

„Предлогот се темели врз неговата богата професионална кариера и врз основа на добиеното позитивно мислење од Советот на јавни обвинители. Цела кариера ја градел во правосудните институции на Република Македонија. Презентираните факти од биографијата се гаранција за успешно извршување на функцијата јавен обвинител на Република Македонија пред која во идниот период се наметнуваат сериозни предизвици“ – рече Ристовски.

Димовски изрази загриженост дека системот на избор на републички јавен обвинител, по предлог на Владата и со просто мнозинство, односно нереформирање на обвинителство ќе доведе до ситуација кога институцијата и функцијата би можела да се злоупотребува.

Шеесет и тригодишниот Јовески во своето досегашно работење постапувал во кривичната област. Повеќе од 15 години работел како судија по кривични предмети, а во еден мандат раководел со Основниот суд Скопје 2, а има и работно искуство од над 12 години како јавен обвинител и седум години во облата на извршување на кривичните санкции.

Јовески во 1979 година станува приправник во Републичкиот Секретаријат за правосудството на Социјалистичка Република Македонија. Од 1987 година бил судија во Општинскиот суд Скопје 2, во 2003 година е избран за заменик јавен обвинител, а од 2015 година е член на Советот на јавните обвинители на РМ.

Тој треба да дојде на местото на Марко Зврлевски кој беше разрешен на 17 август годинава. Во меѓувреме, функцијата како вршител на должност ја извршува Лилјана Спасевска.

Можеби ќе ве интересира

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела