Добивај вести на Viber
Без електрична енергија утре и во понеделник ќе останат неколку улици и села близу Скопје. Според соопштението од Регионалниот Центар за управување со кризи на Скопје, од 8 до 11 часот прекин на снабувањето со струја ќе има на улицата Тиранска и Лука Геров.
Во понеделник исто време, струја ќе нема на улиците 24 и 100 во селото Волково, додека од 9. 30 до 14.3о на улиците 4 и 6 во општина Чучер Сандево. Еден час пократко, од 9 до 13 часот, струја ќе нема на улиците Девол и Пресека, цел Горен Жданец, дел од улицата Жданец и Теодосиј Синаитски во Карпош.
Според соопштението, прекините се поради технички зафати во електричната мрежа во глабниот град.