20 Декември, 2025
0.0810

Преку модерни методи и практики – до задоволни пациенти

Објавено во: Мои пари 14 Август, 2015 12:33

Добивај вести на Viber

Две децении успешно работење на полето на стоматологијата во Македонија бележи познатата и реномирана стоматолошката поликлиника „Ѓорѓиоски“ од Скопје. Од почетоците во 1994 година како стоматолошка ординација, а од 2009 година и како стоматолошка поликлиника со ординации за ортодонција, протетика и општа стоматологија, со воведувањето на модерни методи и практики, „Ѓорѓиоски“ прерасна во успешна македонска приказна во овој сегмент на здравството.

„Да се биде во тек со постојаните иновации, методи и апарати во стоматологијата бара многу време и големо вложување само со цел да се стигне и овозможи успешно работење во тој домен од медицината. Ние сме горди што нашето учество од 40 години во врвната стоматологија и 20 години сопствена приватна практика ни го овозможува потребното искуство во секојдневната успешна работа“, изјави Д-р Гоце Ѓорѓиоски, специјалист по стоматолошка протетика во стоматолошката поликлиника „Ѓорѓиоски“.

zabar 1

Од „Ѓорѓиоски“ додаваат дека преку акумулираното знаење и неговото аплицирање во секојдневната практика, како и со целосната посветеност на работата, потврдата за успешноста во текот на изминатите 20 години доаѓа со постојаното зголемување на бројот на задоволни пациенти од работењето на Поликлиниката.

Поликлиниката „Ѓорѓиоски“ има професионален тим од четири доктори: двајца стоматолози - доктори по општа стоматологија и двајца доктори специјалисти и тоа специјалист по стоматолошка протетика и специјалист по ортодонција. Поликлиниката располага и со две ординации, лоцирани во скопските населби Аеродром и Радишани, кои што се опремени со модерна технологија, со најсовремени апарати и со квалитетни материјали од реномирани производители, што влеваат дополнителна гаранција за најквалитетна и најсовремена услуга и, пред се, професионална грижа за оралното здравје на пациентите.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии