14 Мај, 2024
0.0240

Преку СМС граѓаните ќе се информираат за услугите на државните институции

Објавено во: Мои пари 19 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Информации за истекување на рокот на важноста на лиценци, за изготвени дозволи за работа и известувања за јавни повици за ИПАРД програмата, се само дел од потсетниците што од денеска може да ги добиваат граѓаните и фирмите преку СМС или електронска пошта од државни институции.

Новиот систем Е-потсетник што ги овозможува тие услуги го спроведуваМинистерството за информатичко општество и администрација и е поставен на веб апликацијата www.e-potsetnik.mk.

- Станува збор за автоматизирано праќање на потсетници до граѓаните и фирмите за документи/услуги, согласно критериумите и условите утврдени од страна на институциите, во точно определено време или врз основа на предодреден настан. Фактот дека СМС пораките се честа алатка за комуникација и не побаруваат учење на дополнителни вештини, ја прави оваа алатка ефективна за подобрување на комуникацијата и пристапот до владините услуги, рече на прес-конференција министерот за информатичко општетсво и администрација Иво Ивановски.

Во системот Е-потсетник засега се опфатени пет институции од кои граѓаните ќе можат да добиваат информации: Министерството за економија, Јавното претпријатие за државни патишта, Управата за водење на матични книги, Агенцијата за вработување и Агенцијата за финансиска помош во земјоделството и руралниот развој. Системот е достапен за сите граѓани на Република Македонија кои поседуваат мобилен телефонски број од националните оператори.

При регистрација на една услуга по СМС, потребно е да се внесе кодот на услугата, кој го има на порталот, а ќе биде поставен и на шалтерите на петте институции, и одредени карактеристични податоци за секоја услуга со цел единствено идентификување на корисникот и предметот.На корисниците на услугите ќе им се наплати по 5 денари за секој смс потсетник кој ќе го добијат. На самото веб решение постои Каталог на услуги за секоја од институциите, преку кој граѓаните можат да се информираат за видот на услугите кои можат да ги добијат од нив.

Ивановски информира дека кај оние институции кај коишто има електронски бази, одговорот се добива скоро веднаш, користејќи веб сервиси и комуникација систем-до-систем, без учество на вработените од институцијата. Кај институциите без електронски бази, одговорот се добива најдоцна 7 дена по поднесеното барање, а по одобрување од вработените на институцијата.

Со системот Министерството за економија нуди услуги за потсетувања на граѓаните за истекување лиценци за продажба на алкохолни пијалоци во трговија на мало, за решение за категоризација на хотел, мотел и пансион, за кабаре, дискоклуб, ноќен клуб и дискоклуб на отворен простор, а Јавното претпријатие за државни патишта потсетник за изработена дозвола за рекламни табли. Управата за водење матични книги, пак, дава известување за изготвен извод од матична книга за родени, за венчани  и за умрени. Агенцијата за вработување овозможува известување дека работната дозвола за странец е изготвена и потсетување дека работната дозвола за странец ќе истече за 30 дена, а Агенцијата за финансиска помош во земјоделството и руралниот развој известување за јавен повик за ИПАРД Програмата.

Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН