ПРЕОДНА ВЛАДА: Пендаровски му го врачи мандатот на Талат Џафери
Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2024 15:47
Шефот на државата, Стево Пендаровски денеска му го врачи мандатот на Талат Џафери за состав на преодната Влада која ќе функционира до изборот на новата влада која ќе се формира по парламентарните избори во мај.
Пендаровски, врз основа на член 84 од Уставот, а во согласност со член 43 од Законот за Владата, денеска му го врачи мандатот на Талат Џафери.
„Врз основа на член 84, алинеа прва од Уставот на Република Северна Македонија, а во согласност со член 43 од Законот за Владата на Република Северна Македонија и предлогот на најголемата политичка партија што го формира владиното мнозинство, за мандатор за состав на преодната Влада за спроведување на избори на пратеници, го определувам господинот Талат Џафери“, изјави претседателот Пендаровски.
Џафери вети дека врз основа на законите и Уставот, преговорите за состав на преодната Влада ќе се одвиваат соодветно на политичката потреба и состојба во државата.
„Со задоволство и потполна одговорност го примам мандатот од претседателот на државата, со ветување дека совесно и врз основа на законите и Уставот, составот на Владата и преговорите за составот на Владата ќе се одвиваат соодветно на политичката потреба и состојба во државата“, рече Џафери.
Тој се надева дека ќе креира соодветен состав на Владата со соодветни обврски, надлежности и одговорности кон граѓаните.
Можеби ќе ве интересира
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово
Одрон на патот Охрид – Св. Наум, сообраќајот се одвива по една лента
Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил
СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати
„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“
УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра




