15 Декември, 2025
0.0392

ПРЕСУДА: Затвор за Зоран Талер, поранешниот известувач за Македонија!

Објавено во: Балкан 31 Јануари, 2014 12:11

Добивај вести на Viber

Две и пол години затвор заради корупција ќе треба да одлежи поранешниот министер за надворешни работи на Словенија, Зоран Талер, кој своевремено беше и известувач за Македонија во Европскиот парламент. Талер ќе треба да плати и парична казна од 15 илјади евра заради скандалот кој откри негова вмешаност во корупција во времето кога ја извршуваше функцијата пратеник во Европскиот парламент. Зоран Талер беше еден од неколкуте европарламентарци кои паднаа во замката на англискиот весник „Сандеј тајмс“. Новинари од овој весник тајно ги снимаа избраниците во Европскиот парламент како примаат мито од 100 илјади евра за да влијаат за усвојување на одредена легислатива во Европскиот парламент. За овој скандал, екс-шефот на словенечката дипломатија го гонеше полицијата во Љубљана, а тој се договорил со обвинителството. „Формално со тој договор ја признавам вината. Пред две години, и покрај тоа што се противев, бев втурнат во шоуто на „Сандеј тајмс" во сопственост на Мердок, а со овој договор доброволно ќе излезам од тоа шоу", изјавил Талер, кој паричната казна ќе ја плати во корист на Педијатриската клиника во Љубљана. Освен затворот и глобата, Талер пет години нема да има право да се вработи во јавна служба. Зоран Талер сега е невработен. Покрај него, во замката на „Сандеј тајмс" паднаа уште тројца други пратеници од Европскиот парламент. На австрискиот пратеник судот во Австрија неодамна му ја поништи четиригодишната затворска казна, против романскиот пратеник е покренато обвинение, а против шпанскиот европарламентарец воопшто не е покрената никаква судска постапка и тој се уште е во парламентот. Сопственикот на весникот „Сандеј тајмс“ Руперт Мардок подоцна и самиот се соочи со обвиненија затоа што новинари во неколку негови изданија прислушувале и хакирале телефони на познати личности и така црпеле информации. Ова е видеото со кое новинарите на „Сандеј тајмс“ докажуваа дека Талер примил мито и заради кое тој беше принуден да поднесе оставка од позицијата во Европскиот парламент: http://www.youtube.com/watch?v=4YlFd8wdI5Y

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството