07 Октомври, 2024
0.0271

ПРЕТРЕСИ И АПСЕЊА: Пронајдени 20 килограми марихуана

Објавено во: Македонија 05 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Полицијата приведе 10 лица кои се дел од група која криумчарела дрога. 

Запленети се околу 20 килограми марихуана и други опојни дроги, седум возила и еден мотоцикл. 

Претресите се вршени на повеќе локации во земјата. 

„Во текот на истрагата било утврдено дека групата била предводена од Л.Г.(25) од Струга, кој бил задолжен за набавка, организирање на транспорт и дистрибуција до уличните дилери заради понатамошна препродажба и М.Д.(23) од Струга, кој дрогата ја криел во викенд куќа во с.Горна Белица, каде таа била пакувана и доставувана на Л.Г. за понатамошна продажба. На почетокот на август 2019 година на регионалниот пат Ресен-Битола извршен бил преглед во патничко возило „мазда“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(38) од Велес и биле пронајдени околу 4,5 килограми марихуана, додека при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени уште 2,5 килограми марихуана. Исто така, во рамки на спроведеното истражување на подрачјето на Охрид, од слобода се лишени лицата Л.Г.(34) и А.В.(38), двајцата од Скопје. При претрес во апартман во населба Лагадин, каде што привремено престојувале и во патнички возила „опел вектра“ и „фолксваген пасат“, биле пронајдени и одземени околу три килограми марихуана. На средината на август на влезот на Битола, при преглед на патничко возило „мицубиши“ управувано од З.К.(32) од Битола, била пронајдена и одземена марихуана, за што била поднесена соодветна пријава. При крајот на август од слобода се лишени Н.М.(52) и Г.М.(26), двајцата од Тетово, бидејќи при преглед на патничко возило „БМВ“ на регионален пат с.Фалише и с.Сараќино биле пронајдени и одземени околу 10 килограми марихуана. Сите овие лица дрогата ја набавувале од Л.Г. и М.Д“, информираа од полицијата. 

На 04.09.2019 извршени се претреси на повеќе локации во Охрид и Струга кај членови на криминалната група. Во Охрид се извршени претреси на две локации, кај П.К.(34) и Р.Т.(29), при што била пронајдена и одземена марихуана. 

„На подрачјето на Струга извршени се претреси на дом и други простории на пет локации и тоа кај лицата Л.Г. и М.Д., при што биле пронајдени и одземени две дигитални ваги, патни торби со остатоци од марихуана, мобилни телефони, СИМ картички, пиштол „Чешка Зброевка“, една рамка и 16 куршуми, патничко возило „фиат пунто“ и мотоцикл „трува“.  Сите четворица биле лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” и „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, наведуваат од МВР: 

Врз основа на судска наредба извршен е претрес и во дом и други простории кај лицето М.М.(32) во Струга поради сомнение за инволвираност во недозволена трговија со дрога. Притоа, се пронајдени и одземени марихуана и шишиња исполнети со непозната течност, за што по извршено вештачење дополнително ќе биде поднесена кривична пријава против лицето М.М., информираше полицијата. 

Можеби ќе ве интересира

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме