Претреси во Арачиново, Нерези, Радуша - Спасовски најави повеќе детали за утре
Објавено во: Македонија 01 Април, 2022
Полицијата приведе лица за кои постои сомнеж дека биле поврзани во криминална група, која се занимавала со продажба на кокаин и марихуана. Полициските екипи вршат претрес во Арачиново, Нерези, Радуша и на уште неколку места, а министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски повеќе детали најави за утре.
Пред два дена полициска акција имаше и во штипско, каде се приведени повеќе македонски и странски државјани.