29 Април, 2024
0.2795

Претседателот на Македонија го осуди односот кон фудбалерот Алиоски

Објавено во: Македонија 14 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, го осуди односот на вработените во кафуле во Прилеп кои практично го избркале македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски и неговото семејство само поради тоа што зборувал на албански јазик.

„Она што му се случи на нашиот Езџан Алиоски е недопустливо и за осуда. Разликите треба да не обединуваат, а не да разделуваат. Tака е во успесите, но и во неуспесите на секое поле. Јас сум убеден дека огромно мнозинство од нашите граѓани прават разлика само врз основа на тоа што е добро, а што лошо, а не врз основа на тоа кој јазик го зборуваме, како се молиме или како изгледаме. Јас сум уверен дека огромно мнозинство од нашите граѓани веруваат и се застапуваат за тоа дека секој треба да има еднакви можности во Република Северна Македонија, богатството на земјата е во мултикултурното општество кое го градиме сите.

Езџан Алиоски за македонската репрезентација до сега одиграл 28 натпревари во различни натпреварувања, зборувајќи го јазикот што најдобро го знае на терен со постигнати 5 голови и 6 асистенции, а ја претставува земјата во Шампионатот на Англија. Езџан продолжи да не' радуваш со добрата и тимска игра, пример од кој учи целата држава“, се вели во реакцијата на Пендаровски.

Од МВР синоќа соопштија дека одговорните од прилепското кафуле биле повикани на информативен разговор по реакцијата на фудбалерот на Лидс јунајтед.


Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи