Претседателот на САНУ: Србија да признае дека Косово не и припаѓа
Објавено во: Балкан 19 Октомври, 2015 16:34
Претседателот на Српската академија на науките и уметностите „САНУ“ Владимир Костиќ повикал јавно да се признае пред српскиот народ дека Косово не е српско, пренесоа српските медиуми.
Според него, ова е единствената политичка мудрост и достоинство, бидејќи де факто Косово не е во српски раце. Некој мора да го каже тоа нешто на народот, истакнал Костиќ и прецизира дека „САНУ“ нема изразена позиција по ова прашање, но тоа е негово лично мислење.
„Косово претставува огромен дел од нашата културна база и за тоа ние сме должни да се бориме со заби и нокти, бидејќи тоа е обид за одземање на историската, психолошката природа и што ли уште не“, изјавил академикот и додал: „Да зборуваме искрено, ако еден министер, премиер или претседател треба да бара дозвола за да влезе на оваа територија, ова доволно зборува дека немаме ниту човечки, ниту економски, ниту какви и да се другите можности за наметнување на нашата воља. Може само да се гледаме во очи и да се лажеме, но алтернативата е многу јасна“.
Тој признал дека во оваа фаза се возбудуваат многу повеќе од судбината на Република Српска, бидејќи таму постои „сериозна, активно, културен и научен потенцијал од српскиот народ, од 1,5 или 2 милиони луѓе. Според него Србија, дури и со „враќање“ ќе треба да влезе во Европската унија „ЕУ“, бидејќи нема друга алтернатива. Тој го опишал како вештачка алтернативата за сојуз со Русија и го поставува прашањето: Дали Русија воопшто ја сака Србија.
„Независно од ударите кои ќе ги добие, Србија треба да ги развива демократските сили и слободата. Во спротивно нема да преживее ... Историска вистина е дека многу големи народи ги загубиле своите основи“.
Потсетуваме дека Косово прогласи независност во февруари 2008 година и до денес над 110 држави во светот, вклучително и Македонија ја признаа независноста на поранешната српска покраина.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




