Претседавачот Вељаноски почна да гаси микрофони на пратеници
Објавено во: Македонија 31 Март, 2017 13:29
Трајко Вељаноски, претседавачот на конститутивната седница која никако да дојде до вистинска дебата за точките од дневниот ред за која се одржува, почна да им ги гаси микрофоните на пратениците затоа што не го почитуваат Деловникот и држат говори кои не се предвидени со процедуралните реплики.
Најпрво микрофонот и беше исклучен на пратеничката на СДСМ Јагода Шахапска која сакаше да им возврати на пратениците од вМРО-ДПМНЕ за состојбите во здравството, Павле Богоевски беше прекинат среде говор бидејќи сакаше да говори за криминални тендери, а потоа микрофонот исто така и беше исклучен и на пратеничката Милева Ѓорѓиева поради, како што рече, говорење надвор од темата.
- Само што се договоривме а веќе не го почитуваме тоа – реагираше Вељаноски пред да интервенира во говорот на пратеничката Ѓорѓиева.
Без оглед што се одржа нова пауза за меѓусебен договор да нема бескрани процедурални реплики пратениците продолжуваат со обвинувања и политички говори веќе петти ден.
Можеби ќе ве интересира
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти




