18 Мај, 2024
0.0547

Претставен нов проект за зголемување на вработеноста

Објавено во: Економија 01 Април, 2015

Добивај вести на Viber

На вчрашната седница Владата го усвои новиот проект со кој што планира да ја зголемува вработеност.

Денес проектот под името „Македонија вработува“ и беше претставен на јавноста.

Со овие мерки Владата планира да вработи повеќе категории на лица. Имено, истиот опфаќа  150 илјади невработени до 35 години, лица од 35 до 50 години кои повеќе од 10 години се без работа, лицата над 50 години, невработени од ранливите категории граѓани, и лицата постари од 58 години

Мерките предвидуваат ослободување од плаќање задолжителни социјални придонеси и персонален данок за доход за компаниите кои ќе вработат лица од овие категории граѓани и истите  треба да стапат на сила наредниот месец и да траат една година.

Владимир Пешевски вицепремиерот за економски прашања дека со овој проект  неколку групи ќе бидат ослободени од плаќање придонеси и персонален данок.

- Прва група се невработени лица до 35 годишна воздраст кои претходно не биле вработени или биле вработени, но не најмалку три месеци пред вработувањето согласно оваа мерка. Компаниите ќе бидат ослободени од плаќање придонеси од задолжително социјално осигурување и персонален данок во период од 3 години, а ќе бидат должни да го задржат лицето уште една година по истекот на периодот за кој е ослободен од давачките. Во оваа група има околу 70 илјади невработени, рече Пешевски.

Втората група, како што додаде, се невработени од 35 до 50 години, кои во последните години биле најмалку 10 години без работа. И тие треба да не биле вработени најмалку три месеци пред вработувањето согласно овие мерки. За нив работодавачот ќе биде ослободен од плаќање социјални придонеси и персонален данок во траење од 5 години со обврска да ги задржи на работа уште една година по истекот на периодот за кој користел поволности. Во оваа категорија граѓани, според Пешевски, има околу 61 илјада невработени граѓани.

Во третата и четвртата категорија, појасни вицепремиерот, се невработени над 50 години, невработени лица кои се родители на три или повеќе деца, самохрани родители, членови на еднородителски семејства, приматели на социјална парична помош, деца без родители и родителска грижа, жртви на семејно насилство, лица со инвалидност и со намалена работна способност, професионални војници на кои им престанал работниот однос, и родители на деца со пречки во развој кои се приматели на посебен додаток.

Последната петта група се лицата над 58 години кои во последните две години се невработени. Работодавачот е ослободен од давачките до исполнување на условите на старосна пензија. Според анализите, рече Пешевски, некои групи се преклопуваат меѓу себе и на тој начин потенцијални корисници се над 150 илдаи невработени.

Министерот Диме Спасов пак потенцираше дека Владата недвосмислено покажува дека се бори за секое работно место.

Овие законски измени најпрво ќе бидат разгледувани од синдикатите и организациите на работодавачи од Економско социјалниот совет и согласно нивните забелешки и препораки ќе влезат во собраниска процедура.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа