18 Мај, 2024
0.0272

Претставници на СН Осигурителен Брокер во посета на Грузија со цел проширување на деловната соработка

Објавено во: Финансии 21 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Делегација на СН Осигурителен брокер АД Битола во состав на Претседателот на Одборот на директори, Христо Кондовски, Главниот извршен директор на компанијата, Зоран Пејчиновски и Бојан Москов, менаџер за продажба, оствари работна посета на Грузија, каде компанијата планира проширување на своите деловни активности.

Посетата се реализираше од 30. септември до 4. октомври, во организација на почесниот конзулат на Грузија во Република Северна Македонија со седиште во Скопје, со цел воспоставување и продлабочување на деловната соработка помеѓу македонски и грузиски компании и институции.

„Во рамки на посетата на Грузија беше и делегација од деловниот сектор од Северна Македонија, и тоа од осигурителниот сектор, пазарот на капитал, адвокатурата и прехранбениот сектор. Една од целите на посетата беше учество на Конференцијата на почесните конзули на Грузија организирана од Министерството за надворешни работи на Грузија. На истата се обратија повеќе владини претставници од различни сектори, меѓу кои и вицепремиерот на Грузија, воедно и министер за економија и одржлив развој, како и министерот за надворешни работи на Грузија, кој беше домаќин на настанот.“- изјави почесниот конзул на Грузија, д-р Марко Андонов.

Во функција на развој на деловната соработка повеќе работни состаноци се одржале во Тбилиси.

„Се разговараше за иницијативата за отворање на осигурително-брокерско друштво во Грузија од страна на СН Осигурителен Брокер АД Битола, наша домашна компанија етаблирана во овој сектор. Воедно, претставници на прехранбена компанија од Северна Македонија имаа успешни деловни разговори поврзани со увоз на јаткасти плодови кои се произведуваат во Грузија, при што извесно е дека ќе се воспостави и конкретна соработка. Претставниците на компаниите од македонскиот пазар на капитал остварија средба со директорот на Централниот депозитар на хартии од вредност на Грузија на која се разговараше за потенцијалите за воспоставување соработка меѓу двата пазари на капитал.“- рече конзулот Андонов.

Од СН Осигурителен Брокер потврдија дека проширувањето на деловните активности во Грузија е дел од развојната стратегија на компанијата.

„Основите за раст и развој се проектирани во Бизнис-планот за периодот 2021 − 2025 година.Петгодишниот развоен циклус се темели на пет столба, и тоа во сегментот на: информациските и комуникациските технологии, засилување на операциите во град Скопје, како и нови инвестиции, вклучително и интернационални. Планираните деловни активности во Грузија се дел од планот за настап на нови пазари, примарно во ЕУ, но и во јурисдикции кои допрва ги воведуваат европските осигурителни стандарди. Оттука се планира основање сопствено осигурително брокерско друштво во Грузија која е меѓу последните земји каде што осигурувањето од автоодговорност сè уште не е задолжително, но нова регулатива е во постапка на донесување.“- изјави Главниот извршен директор на СН Осигурителен брокер АД Битола, Зоран Пејчиновски.

Претседателот на Одборот на директори, Христо Кондовски изрази задоволство од остварените контакти во Грузија со цел успешната деловна приказна од Македонија да се преслика и во оваа држава.

Откако стручната анализа на топ менаџментот покажа дека друштвото го достигна максималниот развој во рамките на постоечката структура и вложувања заклучивме дека е потребен нов инвестициски развоен бран.Потенцијал за тоа видовме и во соработката со Грузија која ја трасираме покрај другото благодарение и на почесниот конзул на Грузија во нашата земја, д-р Марко Андонов. Тој одлично организираше серија деловни средби во Грузија, кои натаму треба да водат кон остварување на предвидените деловни активности.“- вели Кондовски.

Потсети дека темелите на компанијата се поставени во декември 2014 година, по што досегашното искуство го оцени како здрава и солидна основа деловните активности да се прошират и надвор од Македонија.  

„Почнавме со јасно определени стратешки цели и голема посветеност. Со постојано усовршување на работните процеси и проширување на тимотрастеше и побарувачката за осигурувањеи бројот на задоволни клиенти.Денес СН Осигурителен брокер е достапен за граѓаните преку 42 подружници, во кои работи високообразован стручен кадар со 140 вработени.Имаше и многу предизвици, но експертизата и балансираното управување со компанијата, посветеноста и придонесот на нашиот тим се главните причини за нашиот успех. Секогаш целиме да понудиме најдобри и најповолни услуги и тоа клиентите го препознаваат. Затоа слободно можам да кажам дека главната цел поставена на почетокот е исполнета - СН Осигурителен Брокер АД Битола е лидер и најголем осигурителен брокер на пазарот за осигурување во нашата држава. Тој успех сега сакаме да го пресликаме и на нови пазари, вклучително и во Грузија.“- вели Кондовски.

Инаку, СН Осигурителен Брокер АД Битола исто така е и издавачна првата емисија обврзници издадени од нефинансиско друштво во Северна Македонија. Во февруари 2022 година првата емисија на корпоративни обврзници се реализираше со 94,78 % на успешност.

Почесниот конзул,  д-р Марко Андонов истакна дека очекува работната посета на Грузија реализирана на иницијатива на почесниот конзулат на Грузија во Република Северна Македонија со седиште во Скопје, во соработка и поддршка на Амбасадата на Грузија во Р. Бугарија и Р. Северна Македонија, да даде конкретни резултати.

„Очекувам иницијативата да продолжи со организирање и на други средби и настани кои ќе ја зајакнат и продлабочат соработката меѓу нашите земји на сите полиња.“- рече конзулот Андонов.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници