25 Април, 2024
0.0526

Превенција од вирусот – „иселување на младите“

Објавено во: Колумни 10 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Кога ќе ги погледнам записите од минатото, а понекогаш на социјалните медиуми ќе се појави и некое видео (дури од пред осум години) каде имам дискусија во ТВ дневник, си велам - професорот Улрих од Хајделберг е во право, кога вели: „Од каде бре момче го црпиш тој оптимизам?“. Понекогаш, навистина не знам, што да му одговорам. Имено, многу луѓе, сум на мисла, не сфаќаат дека секој ден е борба, и тоа, борба за добри и чисти мисли. Борба за средба со добар човек (читај: душа) и борба за малку позитивизам и покрај сето она што ќе нѐ снајде како искушение. Практично, во тоа е мудроста, според мене.

Иако, за денес имав сосема друг правец (економски) на пишување, сепак, пребарувајќи на социјалните медии, сосема случајно, налетав на еден текст, напишан од сопругата на еден успешен банкар, и навистина, писанието ми остави силен впечаток, поточно, таквата реторика во текстот, ме наврати на една горчлива тема - Иселувањето на младите (нашите деца) надвор од државата. За таа цел, како неколку пати наназад, ќе почнам со анализа на Еврејската мудрост и искуството на Израел (каде, од крајот на 2015 година па наваму, сум чест посетител на еврејската бизнис ложа). 

Како што знаеме, во минатиот век, Израел поминуваше еден бурен воен период од околу седумдесет години. Оттука, логично, последиците за државата од таквата состојба да бидат - голема сиромаштија и уништена економија. Но, дали е така? 

Денес, како резултат од праксата на војување, Израел конструира една од најсилните армии на свет, како и една од највлијателните воено-разузнавачки служби. Ова се двата столбови, врз кој, се темели почетниот економски развој во секоја нормална држава. Понатаму, како главни индустриски гранки, особено битни и за нашата економија, ќе ги споменам: хемиската, фармацевтската, електронската, прехранбената и индустријата за широка потрошувачка. Во пандемиската доба, како што се гледа во независниот извештај од монетарците, ако се анализира структурно, во македонската економија охрабрува податокот дека земјодлеството и градежништвото се во позитива. Според тоа, може да се каже дека ние како земја, располагаме со огромни потенцијали во земијоделското стопанство. Во таа насока, засилената соработка со Израел, поточно, користењето на нивниот „know-how“од земјоделското искуство, кое обезбедува високи 75 отсто од вкупните потреби за прехрана на домашното население ќе биде од висок значај, а пред сѐ трансферот на знаења ќе биде од голема предност за нашите земијоделци ипретприемачите во новиот шенген-модел т.н. „Open Balkan“. Во спротивно, Србите ќе не „изгазат“ по основ на компететивноста во земијоделскиот бизнис.

Друг податок, кој, треба да се спомене, а во насока на ваквата дискусија е квалитетот на македонската слободна површина за земијоделска обработка, наспрема, таа состојба на земјиштата во Израел, каде, голем дел од територијата е во пустински предел. Но, сепак Евреите изградиле цели мрежи на водни акумулации и канали, каде што е овозможено одгледување на земијоделски култури. Поточно, со други зборови напишано, тука, дома кај нас, проблемот не е во квалитетот или квантитетот на земјиштето. Тоа е доволно и одлично за обработка. Туку, проблемот е во следново: преголемо его кај единките - чинители на системот, неможност да се реформира системската корупција, менталната матрица на граѓаните (читај: секогаш се кавгаџии), колективно незадовоство до граница на колективна депресија и разочараност од сѐ и за сѐ, како и изразенакриза на духот во населението (особено, сега во пандемијата). Од ова, се поставуваат следниве две прашања: Како да продолжиме напред, а да останеме нормални и мотивирани во македонскиот систем?; И дали да се продолжи, масовно, со размислувањата за наш трансфер во дијаспора? 

Одговорт на прашањата ќе го анализирам преку исксуствата на Израел. Имено, големо достигнување на еден човечки развој, за нив, може да се каже дека е еволуцијата на моралот во нацијата, како и во континуитет, одржување на висока стапка на духовност, до ниво на беспрекорна силина на духот, и тоа кај секој поединец во системот. Резултатот на ова, во секој поглед, есилно изразената либералност, како карактеристика на поединецот во текот на животот. Често, таму, знаат да речат: „Состојбата на мултиетничност, мултикултурност и мултирелигиозносте подарок од универзумот, која, треба да се стави во функција на економскиот развој“.

Сега, ако се навратиме на горчливата тема од писанието на почетокот - „Иселувањето на младите надвор од државата“,паралелата со израелските искуства во контекст на дијаспората, може да послужи како добар пример за нас. 

Евреите, се нација која е во континуирана војна речиси цело време. Оттука, ако нацијата е во континуирана војна, тоа подразбира дека преовладува состојба на нестабилност (животна и финансиска). За таа цел, за единките во системотда имаат прогрес и успех, единствен начин кој им преостанува, е вложувањето во знаење, поточно, вложувања во умствен и духовен развој. За таа цел, во светот, пред 2.000 години, Евреите го започнуваат силниот развој на занаетчиството и трговијата.Слично како нашите деца Егејци, кои, како бегалци после граѓанската војна се распрскале по светот, и ден денес, нивните поколенија поседуваат малку поразличен менталитет од нашиот, би рекол имаат карактеристики кои за малку наликуваат на еврејските. Поточно, тие поседуваат многу подобри вештини за успех во споредба со нас, овде, во вардарскиот дел или ако милувате во северниот дел. Многу едноставно, ако сте Евреин, наследно è, и на прво место да вложувате во знаети (знаење) кои носат приходи неопходни за опстанок или т.н. егзистенционални занаети. Имено, каде и да живеат на земјинава топка, Евреитепребегнуваќи од местото на жариштето (војната), со себе ги носат стекнатите вредности (знаењата) и занаетите.Логично на ова, каде и да се наоѓаат, во било која држава, надвор од Израел, тие успеваат на многу побрзи поефективен начин, во споредба со сите останати нации, кои, на вредностите гледааат само врз стекнатите капитални материјални добра, а притоа  маргинализирајќи ги вештините содржани во занаетите, како корисни компетенции.

На крај, сите сме согласни дека младите заминуваат или мнозинството од нив имаат размили да заминат од нашата држава. Причините за тоа, сме ги дебатирале често. Оттука, сум на мисла дека има неколку начини како, тоа да се превенира.Еден, од таквите начини за превенција е содржан во примерот, поточно во следнава констатација: Еврејската врска со дијаспората е основата на многу успеси на државата Израел. Тие, ја негуваат една од најсилните врски помеѓу жителите Евреи во државата Израел и сите останати Евреи во дијаспората. Поточно, таа поврзаност со матицата - земја, тоа чувство на патриотизам, современ - да се вложи во државата Израел, е засилено со негување на максимата: „Да се биде секогаш тука, во Тел Авив, во Ерусалим, да се враќаат парите од надвор, под мотото: каде и да сме, физички по светот, духовно обединети сме најсилни“.

Според ова, едноставно е да се даде одговор на прашањето: Во што се состои евидентната разлика во менталниот склоп на Македонците и Евреите, како нација? Одговорт е следен: Меѓусебната ОМРАЗА, внатре, прави толку голем јаз, кај Македонците, што е непремостлив. Додека, пак, кај Евреите таков јаз не постои. Да бидам појасен, ние, мразиме се што е минато во општествено-политичкиот живот; се што е македонска традиција за голем дел од нас е „селско“; за се имаме различен став, а по ништо заеднички; немаме кауза која ќе не држи во синергетско јадро; како и најважно – ние немаме никаква стратегија за долгорочен развој на нацијата. За жал, ние сме нација во изумирање! Практично, ние немаме ништо, освен дневна политика и големо количество на меѓусебна омраза.Но, како и да е, сметам дека еврејската врска со дијаспората е одлична паралела за примена т.е. за превенција на нацијата.Трендовите на глобализацијата, доведоа до полесен начин на алокација на македонските младинци, особено преку олеснетиот начин на трансфер на студенти и знаења во глобални рамки. Денес, развојот на авионскиот сообраќај, особено оној ниско-буџетниотдопринесе за брз трансфер на младите лица и лесна достапностна светските метрополи и силните универзитетски центри, надополнет со новите кредит-трансфер системи. Имено, тоа се процеси, кои, нема да може да ги сопреме. Во иднина, најважно е да се прави вистинска длабинска анализа, за тоа, колкав број од нашите млади ќе се задржат со трајно живеалиште во странство, а колкав процент или сооднос, од нив, ќе се врати назад во татковината. Но, внимавајте, таа улога на мотиватор ја има државата. Имено, таа ќе ги привлече младите образовани лица, од надвор, само, и само, ако продолжи, засилено да привлекува меѓународни компании, тука, или да привлекува сериозни инвеститори од дијаспората. Секако, таа (мислам на државата), а не ние да се изнамачиме, мора да стимулира и мотивира отворање на странски установи во образованието, преку кои, ќе се внесуваат престижни професори и ќе се прави нов, современ нетворкинг за младите. Искуствата кажуваат дека дијаспората се враќа со постојано живеалиште, дома, но во пензионерската доба. Оттука, за таа старосна граница не е воопшто спорно. Таквиот процес, сам по себе ги повлекува повозрасните лица во пензионерска доба, да се вратат дома, бидејќи, за нив, економските пресметки се поволни (читај: Тука, во споредба со странство, странската пензија вреди најмалку тројно повеќе).

Предлог 1 за македонските претприемачи: Развој на здравствен туризам и основање на еко-пензионерски домови, насекаде во внатрешноста на државата (особено во руралните места). За оваа намена, ЕУ има одлични слободни фондови.

Заклучок: За да го придвижиме, барем за малку напред, процесот за вистинска врска со македонската дијаспора (по примерот на Израел) потребно е, првенствено ние, тука дома, како поединци драстично да го промениме пристапот кон иселениците, особено оние млади кои се високообразовани и интегрирани во тамошните системи. Ние, како резиденти, а не тие од дијаспора, мора да покажуваме многу повеќе почит, да покажеме повеќе трпение и разбирање кон сите нив, дури и тогаш, кога непотребно (или погрешно) ќе не критикуваат. Сите, треба да сме согласни дека „современ патриот“ е многу различно од „предавник“.За сметка на примирјето, во иднина, државата засилено ќе делува во насока на искажување на голема важност кон дијаспората, со цел, привлекување на инвестиции.

Најважно, за да се постигне примирјето (современите патриотиод една, итрадиционални дијаспора патриоти од друга страна) потребно е, тука, да покажеме дека ние немаме проблем со карактерните особини на еден дел од дијаспората т.е. со традиционалниот патриотизам (кој претставува нивна емотовна потреба за духовен опстанок). Легитимен е тој нивен традиционален пристап преку емоции. За таа цел, треба да се пронајдат форми на соработка, или да се направи т.н. Секретаријат за дијаспора (на пример, како тој за европски прашања). 

Предлог 2: Основање на техничко-индустриска развојна зона за дијаспора, по примерот на ТИРЗ-овите.

проф.д-рСиниша Наумоски,

Директор на АБИТ и сертифициран професор за контролинг на германската високообразовна установа ХАЈДЕЛБЕРГ Институт во Скопје 


Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок