18 Јануари, 2025
0.0343

Превезени повеќе патници преку аеродромите

Објавено во: Мои пари 11 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Бројот на превезени патници преку македонските аеродроми во август се зголемил за 20,5 проценти во споредба со овој месец минатата година, велат статистичките податоци на операторот на македонските аеродроми „Александар Велики“ Скопје и „Св. Апостол Павле“ - Охрид, „ТАВ Македонија“. Преку скопскиот аеродром патувале 115.023 патници, што претставува зголемување од 23.1 отсто, а охридскиот го користеле 16.463, односно вкупно 131.486 патници на двата аеродроми. Во текот на првите осум месеци од 2013 година во споредба со претходната има зголемување на бројот на патници од 17,5 проценти со вкупно 732.831 превезени патници. Зголемен е и бројот на летови, односно движења на воздухоплови. Од јануари до август биле реализирани 8.489 операции на воздухоплови што е зголемување од 9,9 отсто во споредба со истиот период од 2012 година. Во август, пак, има значително зголемување од 16,2 проценти во споредба со истиот месец минатата година.

Зголемувањето на бројките се должи на воведувањето повеќе фреквенции неделно од страна на „Туркиш ерлајнс“, „Аустриан ерлајнс“, „Кроација ерлајнс“ и „Флај Дубаи“. Дополнително, во текот на летната сезона неколкупати неделно имаше летови до туристичките дестинации Анталија и Измир во Турција со авиокомпаниите „Корендон“ и „Сан експрес“, како и неколку чартер-летови до Катанија, Сицилија.  Патниците и понатаму покажуваат особен интерес за линиите на „Визер“. Како што се наведува во соопштението, најпопуларна дестинација од скопскиот аеродром во август била Истанбул. Следуваат Виена, Цирих, Лондон и Малме. Помеѓу јануари и август, пак, петте најпопуларни дестинации се Истанбул, Виена, Цирих, Лондон и Љубљана. Најмногу патници патувале со „Визер“, „Туркиш ерлајнс“, „Аустриан ерлајнс“, „Адриа ервејс“ и „Пегасус ерлајнс“

Можеби ќе ве интересира

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение